Бебето пристигна дома
На почетокот не очекувајте насмевки како награда. Нема да се смее и да прави интересни бебешки гримаси се додека не поминат барем 40 дена. До тогаш ќе работите за шеф, кој само се жали. Имајте на ум, дека иако сте истоштени во овој период, вашите напори не се залудни.
„Бебето се чувствува удобно и нежно во прегратките на мајката или таткото, чувствува приврзаност и сака да го држите“ – изјавува Кристофер Точер, педијатар од Лос Анџелес, за Американскиот бебе магазин
Бањање додека да падне папочната врвца
Ако се чува сува, ќе падне порано – обично во рок од две недели. Покрај другото, новороденчињата не се валкаат многу. Можете во овој период да ги миете само со влажна крпа. Ако на некој начин ја навлажните папочната врвка, забришете ја со нежно тапкање.
Мекото место не е така опасно
„Бев преплашена од мекото место“ – изјавува една мајка од Њујорк за американско бебе, при тоа мислејќи на предната фонтанела. „Моето бебе имаше долга коса кога се роди, и јас се плашев да го чешлам кај мекото место“ – изјавува таа.
Но нема потреба за грижи. Можете нежно да го допрете мекото место на главата косата на него. Не е неопходно да го чешлате, но доколку сакате купете специјални чешли за бебе. Со тек на време фонталеите се смалуваат и до две години се затвораат.
Ќе знаете дали е гладно или сито
Бебето има потреба од храна на секои два до три часа, но сепак ако доите тешко е да знаете дали добива доволно храна, и колку млеко пие на еден оброк. Ако го храните со адаптирано млеко ќе знаете точно колку милилитри пие и со тек на време ќе бара повеќе, така ќе знаете дека напредува. Но од друга страна доењето е најдобар избор и можете да според напредокот на бебето дали е гладно или сито.
Најдобар индикатор за напредокот на бебето во првите денови е напредокот во тежина. Едно здраво новороденче ќе изгуби 5 до 10% од родилната тежина во првата недела, но ќе ги врати во втората. Во првите неколку дена додека сте сеуште на болница докторот ќе го мери бебето секој ден. Друг показател за тоа дали е сито се пелените. После првата недела откако ќе се роди, ќе се воспостави некој редослед на какање и мочкање. Треба да извадите пет или шест мочкани пелени на ден и најмалку една до две столици.
Сувата кожа е нормална за бебињата
На почетокот кожата е мека и нежна но тоа се менува. Тоа е нормално бидејќи бебето било 9 месеци во течност и после излегло на воздух. Не мора да правите ништо за сувата кожа, но ако сте наумиле да го мачкате со нешто побарајте хипералергиско бебешко млеко. Ако има осип тоа веројатно ќе остане месец или два, но ќе помине само од себе. Секојдневното бањање секако помага, а бебињата го сакаат бидејќи тогаш веројатно се чувствуваат како во стомакот на мајката.
Не мора да се затворите дома
Можеби старата традиција за неизлегување и за непримање гости 40 дена е корисна, но ако сте внимателни не мора да се затворите дома. Водете нормален живот но внимавајте кога одите надвор. Не држете го бебето директно на сонце во потоплите месеци, и избегнувајте болни луѓе. Исто така не би требало во овој период да одите на роденденски забави кај мали деца или во затворени простории кај што има премногу луѓе – на пример трговски центри. Научете ги поголемите деца да го допираат бебето на стапалата наместо на рацете и лицето. Исто така ако имате поголемо дете можете да го научите да им вели на гостите да не го допираат бебето без да ги измијат рацете.
Бебето плаче многу – така комуницира
Со плачење ќе ви каже дека е гладно, му студи, има валкана пелена или само сака да го гушнете. Посебно јасно се разликува плачењето кога нешто го боли. Овие рани „разговори“ меѓу вас и бебето можат да бидат напорни, но бидете спокојни, бидејќи брзо ќе научите да го распознавате плачењето и да знаете што му треба на бебето. Новороденчињата спијат многу – но не во долги интервали.
Првите три месеци бебето ќе спие многу. Ќе се буди на секои 2 до 3 часа за јадење, па и вие нема да имате време да спиете. Но ситуацијата се подобрува. Повеќето деца на три месечна возраст почнуваат да спијат ноќе од 6 до 8 часа непрекинато. Ќе треба да воведете ден и ноќ распоред за спиење. Преку ден не го оставајте да спие повеќе од три часа без да го разбудите за да цица. Штом ќе напредне во тежина, ноќе можете да го оставате да спие колку сака, без да го будите за доење. Многу бебиња можат да цицаат додека спијат.
Бебето расне брзо
Дали сте под стрес, изморени и осамени? Обично првите денови се тешки. Но брзо ќе бидат зад вас. Многу мајки посакуваат само да знаеле колку брзо лета времето и за колку брзо време нивното бебе нема да биде бебе повеќе. Затоа сликајте го бебето во овој период и зачувајте си неколку мали слатки парчиња облека за спомен. Исто така многу родители се под стрес со првото дете внимавајќи секоја секунда од денот и плашејќи се од се. Со другите деца знаат дека само треба да се направи безбедна околина за бебето и да се ужива во моментите поминати со своето најмило.