11 видови храна кои лекуваат
Зошто да земате лекови, кога можете да јадете секој ден од овие 11 видови храна и така да си помогнете во лекувањето на некои болести? Прочитајте кој вид храна на што делува и како може да ви помогне:
Мускулна болка
Ако го имате овој проблем, решение е сок од цреши, секој ден по една до две чаши свежо цеден, пред да почнете да вежбате. Според науката црешите го содржат ензимот ибупрофен, кој има антивоспалително дејство, а при конзумирање на овој начин не предизвикува контраефекти штени за бубрезите и стомакот.
Губење на меморијата
Семки од сончоглед, по четврт чаша дневно. Објаснувањето на научниците е дека витаминот Е кој го содржат семките од сончоглед во изобилие, ги штити невроните на вашиот мозок од оксидативен стрес, што значи дека ќе ја чува и вашата меморија подолго.
За силни мускули
Едно јаболко на ден и тоа не лупено. Токму лушпата е полна со една корисна аминокиселина (урсолна), која ја поттикнува продукцијата на хормоните задолжени за градба на мускулите. А ако го додадеме фактот дека оваа аминокиселина е главна во намалувањето на канцерогените клетки, тогаш ете уште еден мотив плус за јадење по едно јаболко секој ден.
Губење на концентрацијата
Можете да си помогнете со едно јајце на ден. Според мислењето на научниците јајцата се полни со холин, хранлива состојка која ја подобрува мозочната функција и структурата на мембраните од мозочните клетки.
Стареење на кожата
За овој проблем одлични се портокалите – еден дневно или пак една чаша природен сок од портокал. Витаминот Ц кој го содржат му помага на вашето тело во создавање на колагенот, протеин кој ја одржува кожата еластична.
Депресија
Кафеавиот ориз, варен, една порција дневно, содржи доволна количина карбонати, кои ја регулираат продукцијата на серотонин, главниот невротрансмитер во контролата на расположението и намалувањето на анксиозноста.
Несоница
Пилешкото месо, околу 200 г дневно, обезбедува триптофан (иако често се тврди дека најмногу го има во мисиркиното месо), аминокиселина која помага во продукција на хормонот мелатонин, одговорен за добар сон.
Потечени очи
Една чашка зелен чај, секој ден по оброк, го намалува отокот (или подуеноста) на очите, која најчесто е последица на задржување на течности во организмот. Зелениот чај е диуретик кој ја намалува несаканата појава на отоци и на другите делови од телото.
Проблеми со стомакот
Една до две пеперминт бомбони (кои содржат екстракт од питомо нане), ја намалува појавата на воспаление во гастроинтестиналниот тракт. Одлична замена е чајот од питомо нане.
Недостаток на енергија
Банана, по една дневно или пак било кое овошје кое содржи голем процент калиум, се добри за зголемувањето на целокупната енергија.
Анксиозност
Кикирики, четврт чаша дневно ќе ви помогне во продуцирањето на гама-аминобутрична киселина (GABA), која ако е недоволно продуцирана се развива анксиозноста. Кикириките се најдобриот извор на глутамин, аминокиселината потребна за создавање на GABA.