Мали трикови за голема заштеда
Сигурно ви се случило да се најдете во ситуација кога ви се потреби малку повеќе пари, па си префрлате себеси дека не знаете да штедите.
Еве некои трикови кои можеби ќе ви помогнат да си ги пронајдете грешките и да смените некои свои навики.
1. Отворете сметки во банка која нуди најповолни услови – помала провизија за месечно одржување на сметката, поголема камата на штедни влогови.
2. Не носете ги кредитните картички со вас – оставете ги дома за да не паднете во искушение да ги искористите.
3. Направете список за купување – и секогаш придржувајте се кон истиот. Не ставајте ништо во корпата што не е на списокот, без разлика колку и да ви изгледа примамливо.
4. Трошете онолку колку што имате – ако потрошите повеќе, значи сте се задолжиле.
5. Правило “десет секунди” – пред да посегнете по некој производ во продавница, застанете и размислете 10 секунди дали тој производ навистина ви е потребен.
6. Правило “триесет дена” – пред да купите нова куќа, автомобил, нов компјутер, нека поминат 30 дена и размислете дали навистина ви се потребни и дали можеби за тој период ќе најдете поефтина понуда.
7. Купувајте на распродажба.
8. Користете јавен превоз – поефтино е, а нема да плаќате ни за паркинг простор.
9. Секогаш изгаснете го светлото кога излегувате – исто така исклучете го светлото и во собите кои не ги користите во моментот.
10. Направете траен налог за плаќање на сметките – така барем нема да ви заостануваат.
11. Престанете да пушите – за една година може да заштедите доволно пари за себеси да си дозволите пристоен одмор, или да ги покриете трошоците за греење.
12. Живејте здраво – ќе заштедите на лекови.
13. На работа понесете си појадок од дома – појадокот приготвен дома е поздрав и поевтин.
14. Тоа што не го користите, продадете го – спортска опрема, бебешката опрема и др.
15. Не се споредувајте со другите – не мора да имате поубав автомобил од соседот, или да имате поскапа гардероба од соседката.