• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Митови за исхраната на децата

by РиД 22/10/2011 0 Comment
 Митови за исхраната на децата

Младите родители сакајќи да се подготоват што подобро за негата и грижата на своите деца, купуваат многу книги, сурфаат на интернет, читаат списанија и ги гледаат сите емисии за растот, исхраната и негата на децата. Често од обемното информирање остануваат збунети, бидејќи наидуваат на сосема спротивни информации. Затоа еве ги најчестите митови кои меѓу родителите се шират „од уста на уста„ , а можат да се прочитаат и во изворите кои би требале да бидат добро информирани.

1. Децата треба да јадат црвено месо за превенција од анемија

Вистината е дека дури девет проценти од децата на возраст од една до две години страдаат од анемија. Иако црвеното месо е добар извор на желез, малите деца тешко го џвакаат. Железото во обликот во кој лесно се апсробира, децата можат да го добијат од други намирници, а тоа се: житарките со цело зрно и лебот од интегрално брашно, сувото овошје и грозје, спанаќот, мешункастите култури, јајца, леќа, одредени видови риба, темното пилешко месо од живина.

2. На децата кои не јадат зеленчук им недостигаат клучните витамини и минерали

На време учете ги децата дека во исхраната треба да вклучуваат што повеќе различни намирници. Овошјето е одличен извор на витамини и минерали, а децата најчесто го одбиваат зеленчукот, бидејќи вкусот на овошјето повеќе им одговара. Содржината на витамините и влакната во овошјето е речиси ист како оној во зеленчукот, па децата можат полека да се навикнуваат на зеленчукот како брокула и спанаќ. Ако детето одбива морков, добар извор на витамин А се кајсиите и дињите, а јагодите и портокалите можат наместо спанаќ да послужат како извор на фолна киселина, бананите се алтернатива за компирот со многу калиум, цитрусите се извор на витамин А и можат да ја заменат брокулата. Сепак, треба продолжите да им нудите зеленчук на децата, не затоа што од овошјето не може да се надохнадат витамините и минералите, туку поради здравите фитохемикалии. Повеќето деца на крајот сепак добро го прифаќаат зеленчукот, ако продолжите трпеливо да им го нудите.

3. За превенција на дебелината од рана возраст треба да се ограничи внесувањето маснотии

Бебињата и малите деца мораат од мастите да задоволат околу 40% од дневните калориски потреби, бидејќи мозокот и телото нагло им се развиваат. Мозокот во развој има посебни потреби од масни киселни и други масни компоненти. Затоа повеќето стручњаци советуваат полномасно млеко за деца до две години возраст (по втората година доволни се 30% калории дневно од мастите). Стручњаците истакнуваат дека мастите во храната им овозможуваат на децата да чувствуваат ситост, па последица од намалувањето на маснотиите, ќе биде зголемен внес на храна, за да се компензира чувството на глад. Затоа наместо рестрикција, подобро е децат да ги научите како да ги интегрираат сите намирници во здравата прехрана.

4. Кажете им НЕ на засладените пијалоци

Причинители на детската дебелина, која станува се поголем проблем на развиениот свет, може да биде речиси во било кој вид храна, но повеќето експерти сепак истакнуваат дека засладените пијалоци воопшто не се корисни и имаат голема улога во дебелеењето на децата. Проблемот најчесто почнува многу рано: една американска студија покажала дека децата помали од седум месеци знаат од шишенце да пијат засладени газирани пијалоци, а до втората година околу четвртина од децата конзумираат вакви пијалоци секојдневно. Затоа стручњаците советуваат дека засладените газирани пијалоци воопшто да не ги држите дома, бидејќи тие се течен извор на калории без никаква нутритивна вредност. Но, тешко е во денешно време да се одолее на детските желби, бидејќи „забранетите„ пијалоци може да се видат на телевизија, кај други деца и сл., па забраните најчесто доведуваат до спротивен ефект.

Затоа решението е во умереноста – дозволете им понекогаш и нутритивно полоша храна и пијалоци, но сепак погрижете се да главната исхрана биде квалитетна. Иако овошните сокови се корисни, некои меѓу нив (особено најефтините) се скоро само засладена вода ароматизирана со овошни ароми, па треба да се води сметка за декларацијата и на децата да им се даваат вистински овошни сокови (кои се произведуваат од вистинско овошје). Малите деца сакаат ритуали на подготвување храна, па можеби ќе им се допаднат домашните сокови од соковник. Млекото и водата се најдобрите пијалоци за децата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 486

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca ishrana ovosje sokovi vitamini zelencuk витамини деца зеленчук исхрана овошје сокови
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved