Со љубов сплетено, за живот подарено!
Здружението на граѓани „Родители и деца„ и членовите од сајтот Родители и деца , од разни градови низ Македонија, организираат акција со која изработуваат чорапчиња, капчиња и чаршавчиња за предвреме родените дечиња на ГАК- Скопје.
Интересно во акцијата е дека освен материјали кои сами ги набавуваат, тие рачно ќе ги плетат капите и чорапчињата, а чаршавчињата ќе ги шијат. Освен изработка на предмети, ќе се донира и стара облека за бебиња – шпикозни, боди, бенкици …
Акцијата почнува во недела 04 Декември во просториите на училиштето за англиски јазик HDEE- Смајли старс во Скопје, а завршува на 5 јануари кога предметите ќе бидат предадени во ГАК- Неонатологија, а ќе се одвива во следните термини
Старт
04 декември 2011 во 11 часот во училиштето „Смајли Старс„ – изработка на чорапчиња и капчиња, донирање облека и пари
И термини за донирање на изработени предмети и облека
11 декември 2011 во 11 часот – спортски центар АБЦ
18 декември 2011 во 11 часот – спортски центар Форца
25 декември 2011 во 11 часот- спортски центар Форца
На овие локации ќе има поставено и соодветни кутии во кои ќе можат сите оние кои се спречени во одредените термини да дојдат, а сакаат да донираат, да ја остават облеката или изработените предмети (капчиња, калчинки, чаршавчиња) кога на нив им одговара. Важно е облеката да биде испрана, испеглана и соодветно спакувана.
Акцијата е отворена за сите. Доколку некој сака да се вклучи, треба да дојде на нашиот сајт Родители и деца и да побара повеќе информаци.
Оваа акција е организирана со цел да разбуди вистински убави чувства кај учесниците кои СЕБЕ се вложуваат за да подарат прво убави мисли и желби , а потоа скромна материјална донација.
Сите заинтересирани може да не контактираат и телефонски 072/236-356