• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Кое овошје е најдобро за бебето?

by РиД 16/08/2011 0 Comment
 Кое овошје е најдобро за бебето?

Овошјето е првиот немлечен производ кој се додава во бебешката исхрана. Еве по кој редослед се воведува, и кои видови нема да предизвикаат алергиска реакција.

Од 6 – 8 месеци

Јаболко

Квалитетно зрело, ама не презрело јаболко, е првото овошје кое се дава на бебето. Достапно е во текот на целата година, а поволностите врз бебешкиот организам се многу: преку него се внесуваат минерали (калиум), растителни влакна (пектин) и др. корисни состојки, а поволно делува и врз работата на бебешките црева. За почеток се даваат само неколку лажички сварено јаболко, а потоа со тек на време количината се зголемува. Како први оброци погодни се готовите бебешки кашички, а кога бебето ќе го прифати новиот начин на исхрана (лажичката), се дава свежо, добро иситнето и рендано овошје. Вареното јаболко може да се додава во скоро сите млечни оризови кашички или оние од бисквити и житарки (без глутен).

Банана

Содржи комплексни шеќери (скроб) кои полека испуштаат енергија. Ова овошје е богато со калиум и е особено корисно кога треба да се надомести овој минерал (после пролив). Калиумот игра важна улога и во поминувањето на глукозата низ клеточната мембрана, а значаен е за правилна работа на нервниот систем и мускулите. Недостатокот од калиум предизвикува слабост на мускулите. Бананата е мека и лесно се приготвува во еднолична кашичка. Среќа, скоро сите бебиња лесно ја прифаќаат, па е едно од најзастапените овошја на менито кај мајките.

Круша

Содржи многу шеќер и растителни влакна, па поволно делува на работата на бебешките црева. Заради пријатниот сладок вкус, повеќето бебиња ја прифаќаат како прва кашичка од веќе навршени 6 месеци, а од 8 како иситнето или рендано свежо овошје.

Слива

Овој вид овошје се препорачува кај бебиња кои често имаат опстипации. Во почетокот, најдобро е да се сварат и да му се дава на бебето во вид на каша (претходно излупени), а покасно може да се сомелат во блендер и да му се понудат на бебето свежи. Ако вашето бебе тешко кака, дајте му компот од суви сливи: неколку исушени плодови варете ги околу 10 минути, оладете ги, изгмечете ги и помешајте ги со течноста во која се вареа сливите.

Од 8 – 12 месеци

Кајсија

Ова е квалитетно овошје кое содржи голема количина на витамин Ц и бета-каротен (провитамин А). Се дава на бебето нешто покасно заради можноста од појава на алергија, посебно ако детето е склоно на кожни промени (еритем, екцем и слично). Кашичките од варени кајсии се даваат на возраст од 8 до 9 месеци, а при крајот од првата година, можете да му ги понудите на детето во свежа форма.

Праска

За овој вид овошје важи сличното правило како и за кајсиите. Не треба да се брза со нивно внесување (без разлика на сезоната), туку претходно треба да се осигурате дека детето не страда од алергии.

После првиот роденден

– Дури сега можете да започнете со давање на сок од јужно овошје (портокал, мандарина, лимон, грејпфрут) бидејќи кај преосетливите бебиња може да предизвикаат алергиска реакција. Системот за варење кај бебињата нема развиени одбрамбени системи, па затоа треба да се почека со воведувањето на споменатите врсти на овошје. Истото правило важи и за киви и ананас.

– Кога станува збор за зрнестото овошје (јагоди, цреши, вишни, рибизли, малини, боровници и слично) треба да знаете дека ова овошје навистина е богато со витамини и антиоксиданси, ама брзо се расипуваат, па треба да ги купувате во помали количини. Посебно внимание треба да се посвети на чистењето и миењето – прегледувајте го секое зрно посебно и на крај се` заедно измијте под млаз протечна вода.

Кашичка или свежо овошје?

Индустриски производените кашички можат добро да послужат како вовед во дохраната заради неколку позитивни својства:

· Производителите на детска храна користат строго контролирани суровини

· Производите се збогатени со Ц витамин

· Практично пакување кое е хигиенско и лесно за ракување. Ако бебето не го изеде цел оброк, во добро затворената тегличка може да се чува во фрижидер уште 24 часа

Меѓутоа, при изборот секогаш треба да му се даде предност на сезонското овошје, секако, во склад со возраста на детето. Чувањето на овошјето во фрижидерот треба да се ограничи на максимум 2 дена, а при подготовката, треба особено внимание да се посвети на миењето, лупењето и чистењето на зрнестите овошја.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 461

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: banana bebe deca jabolko krusa ovosje sliva банана бебе дете јаболко круша овошје слива
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved