• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Изградете здрава врска со бебето

by РиД 25/06/2011 0 Comment
 Изградете здрава врска со бебето

Воспоставувањето здрава врска со своето дете не е магичен момент кој се случува сам од себе. Тоа е емотивна состојба која се случува кога две лица ќе почувствуваат меѓусебна љубов и со тек на времето го продлабочуваат својот однос. Раѓањето на детето и начинот на кој родителите го дочекуваат многу се разликува од личност до личност. На некои родители ќе им биде доволен само еден поглед на детето кој ќе ги преплави со чувства. Други зачудено ќе гледаат во малото непознато суштество и нема да бидат сигурни што мислат, додека трети можеби ќе бидат загрижени ако веднаш не почувствуваат подеднаква количина љубов кој второто дете, како што било случај со првото. Важно е да се сфати дека поврзаноста меѓу родителите и детето може да се случи на многу различни начини во различно време. Еве неколку начини со помош на кои можете лесно да ја продлабочите врската со своето штотуку родено дете:

Намалете ги другите активности

Новороденчето носи многу нови активности во и онака зафатените и исполнети животи на родителите. Првите неколку месеци многу е важно во текот на создавањето на врската меѓу вас и детето, што е можно повеќе да ги намалите сите непотребни активности и најмногу време да минувате со детето.

Навикнете се на „времето за бебето„

Новороденчето има свој ритам. Се им е ново и потребно е некое време да се навикнат на новата околина. Секој родител ќе изгради посебен комуникациски состав со своето дете, за да дознае што му треба и што сака.

Набљудувајте го детето

Со набљудувањето на детето ќе дознаете многу нови нешта за него. Гледајте го како се движи, слушајте ги неговите звуци и набљудувајте како се менува од ден на ден, од месец во месец. На тој начин можете да го набљудувате светот со неговите очи, што ќе ви помогне во градењето чувства и разбирање.

Мазете се

Бебињата копнеаат по допир. Тој им е многу потребен, подеднакво како што им се потребни воздухот и храната. Што почесто гушкајте го и легнете го на своите гради. Дозволувајте му што повеќе време да поминува со вас. Запознајте го мирисот на своето дете и нека тоа го запознае вашиот – со тоа поприродно ќе се поврзете.

Читајте стручна литература, разговарајте со другите родители

Ако немате претходно искуство со новороденчиња или мислите дека не знаете доволно, од голема помош ќе ви биде стручната литература за развој на децата или пак искуството од другите искусни родители. Ако се чувствувате беспомошно, загрижено или исцрпено, искуството на другите родители ќе ви даде до знаење дека не сте сами и ќе ви биде од голема помош.

Одвојте време само за себе

Само триесетина минути дневно одвојте само за себе. Тоа ќе помогне да ги „наполните батериите“. Ова е многу важен дел во процесот на поврзувањето со детето. На тој начин ќе си ја повратите енергијата потребна за повторно да уживате со своето дете. Дозволете си релаксирачка купка, пишувајте дневник, прошетајте, поразговарајте со пријателка или отидете на масажа.

Уживајте во првите денови

И додека многу нови родители понекогаш ќе посакаат детето да им е малку поголемо, поискусните воглавно ќе речат како се важни и вредни првите денови поминаати со детето. Затоа, уживајте во секој миг.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 570

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe ljubov majka zdrava vrska бебе здрава врска љубов мајка
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved