• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Запознајте ги Стела и Сани – првите македонски 3D анимирани карактери

by РиД 22/10/2020 0 Comment
 Запознајте ги Стела и Сани – првите македонски 3D анимирани карактери

Стела и Сани се малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Вижуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

До сега, ова студио има работено визуелни ефекти за повеќе 50 филмови од холивудската А листа, популарни бокс-офис хитови и добитници на бројни награди на престижните меѓународни фестивали. По повод 15 годишнината од своето постоење и успешна работа тие го промовираа  новиот проект „Стела и Сани” – серијал од високо квалитетни авторски 3Д видеа на македонски и албански јазик, наменети за едукација на децата преку музика и игра.

– Примарната цел на овој проект е креирање на нов македонски и албански бренд – домашна авторска содржина за анимирање и едукација на деца на возраст до 10 години. Сепак, не застануваме тука. Освен преку видеа „Стела и Сани” ќе ги продолжат своите авантури и низ сите дигитални и печатени формати. Веќе работиме и на развој на Веб-платформа, како и на апликации, интерактивни игри, боенки…буквално сите алатки со кои можеме да го олесниме и направиме ова секојдневие пошарено и за децата и родителите– вели Дејан Пановски, извршен директор на „Вертиго Вижуал”.

Важен дел од проектот е издавањето на едициите на книги за деца во кои преку квалитетна содржина ќе се поттикнуваат децата да ги развиваат читателските навики од најрана возраст. На книгите работат домашни реномирани автори, илустратори и креативци, со цел да се создадат врвни изданија коишто одговараат на светските стандарди.

– Ангажиравме професионалците во пишувачката дејност како Бистра Георгиева, Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева и со проектот е планирано да издадеме три едиции на книги кои ќе ги опфатат сите категории на литературата за деца, поделени според возрасни групи од 1 до 15 години. Веќе денес ја промовираме првата сликовница со наслов „Во овој балон нема место за еден слон“, која може да се најде во книжарниците на „Три “ и во нашата продажна мрежа.– вели Љубомир Саздов од издавачкиот центар „Три“.
Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 784

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved