• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Хомеопатија- слично со слично се лекува

by РиД 16/11/2019 0 Comment
 Хомеопатија- слично со слично се лекува

Сè почесто сме сведоци за појавата на нови и поинакви алтерантивни методи за лечење. Сите тие нудат лекување на разни болести, без класичните медикаменти. На некои од нив гледаме со недоверба, а некои се веќе одамна прифатени и имаат сè поголема примена. Една од тие методи е хомепатијата, за која луѓето во Македонија почнаа да дознаваат пред десеттина години. Од првите срамежливи обиди и внесувањето на мала врата, денес хомеопатијата сè поактивно се користи.

Пристапот во овој немедицински метод на лечење или исцелување е да му се помогне на организмот (кој природно тежнее) да се излекува самиот себе. Хомеопатијата е метод кој го почитува принципот дека сите симптоми на болест се манифестација на дисхармонија на личноста во целост, и дека пациентот е тој на кој му е потребна терапија, а не на неговата болест.  Постои и емотивната хомеопатија, каде што делувајќи само на одредените чуства му се помага на пациентот да се врати во својата рамнотежа.

– Не постои болест доколку човекот е во својата рамнотежа. Но ако таа рамнотежа се наруши како ефект на стрес, тага или пак чувства како омраза, љубомора, тогаш болеста многу лесно доаѓа – советуваат хомеопатите.
По приемот на пациентот, хомеопатот зема една опширна анамнеза за неговата целосна состојба. Тука се вклучени физичките и емотивните симптоми. Потоа се одредува терапија која се состои од посебни хомеопатски препарати, за одреден временски период. Тоа е уште познато како издавање „конституциска“ терапија.
Поради тоа од клучно значење е пациентот да биде потполно искрен со хомеопатот при земањето анамнеза, за да може правилно да се одреди терапијата. Во спротивно освен што нема да му помогнат препишаните препарати, туку може да дојде и до влошување на состојбата. За среќа ова не е опасно и симптомите брзо се повлекуваат, ама тогаш пациентот ќе научи колку е важно да биде искрен со својот хомеопат.
Постои уште еден начин за издавање терапија, кој се базира на акутните симптоми и се практикува кога симптомите се појавиле ненадејно, како настинка, дијареа, кашлица и т.н. …
–  Пример за акутно издадена терапија е препаратот Arnica кој најчесто се препишува кај повреди кои се манифестираат со појава на модринка или мускулна болка. Комбинираното препишување е кога во комбинација на конституциската терапија се издава и уште еден препарат кој го потенцира ефектот на првиот делувајќи одредено за даденото заболување.

Соодветна за сите возрасти
Како при секој метод за лекување и кај хомеопатијата може да се случи да не се добие бараниот ефект набрзо по земањето терапија, а причина за тоа е што најчесто луѓето очекуваат инстант ефект по првата примена терапија, а тоа не е можно.
Хомеопатските лекови се именуваат како препарати, бидејќи хомеопатијата не лекува, туку му помага на човекот да се врати неговата состојба на здравје можат да бидат од растително, минерално или животинско потекло. Истите се земат орално во вид на глобули, таблети или капки или можат да се втријат преку кожа или во многу ретки случаи како инекција.
За разлика од конвенционалната медицина каде што колку е поконцентриран лекот толку е поголема неговата јачина, во хомеопатијата е обратно, односно колку е поголемо разредувањето толку е појак препаратот и неговото дејство. Вообичаено хомеопатијата нема несакани ефекти, но пациентот може да доживее влошување како резултат на почеток на процесот на оздравување. Овој ефект најчесто се среќава кај хроничните заболувања каде во подолг временски период симптомите на заболувањето биле потискани со алопатски лекови. Ова е позитивен ефект на терапијата и знак дека издадениот препарат делува.
Со хомеопатија може да се занимаваат само сертифицирани хомеопати. Едукацијата трае најмалку три години, и при тоа се стекнува познавање од Историја на хомеопатијата, Филозофија на хомеопатијата, Материја медика и практични вежби. По успешно положениот испит може да почне да се практикува овој метод.

Теа кидс 2015 г. – Анита Златкова

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 441

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved