Само таа може да носи ваков фустан
Настанот традиционално привлече многу познати личности од светот на филмот и шоу-бизнисот, кои се посветени на каузата на фондот. Хајди Клум изгледаше прекрасно со блескавиот проѕирен фустан од колекцијата на Ирис Ван Херпен. Лелеавиот фустан со огромно деколте остави малку на имагинацијата, отворајќи се со секое движење на убавицата и откривајќи ги нејзините совршени нозе.
Комплетниот изглед на Клум беше надополнет со сребрени сандали со тенки ременчиња и мини чанта од велур. Нејзината шминка беше нежна во златни тонови, со истакнати очи, а косата ѝ беше пуштена и со лесни кадрици.