„Гласна куќа“ – нова тинејџерска серија на македонските екрани
Серијата „Гласна куќа“ е модерна, урбана и забавна серија која носи дирекни пораки за децата, но и за родителите. Излегување од секојдневните табуа, искреноста, дружбата, првите симпатии, помагањето и сè останато што ги прави убави тинејџерските години е опфатено во серијата. А родителите ќе можат да се потсетат како е да си тинејџер и да разговаат со своите деца за сте теми отворено.
Главни актери во серијата се тинејџерите кои ја посетуваат драмската школа на актерката Весна Петрушевска, која воедно беше одговорна за снимањето.
Со првата епизода „Симпатија“ шоуто ќе стартува во редовен термин – понеделник на „ТВ 24“ во 19.15 часот, а оние кои ја пропуштиле ќе можат да ја проследат репризата секоја недела од 16.15 часот.