• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

7 домашни лекови кои навистина делуваат

by РиД 10/03/2011 0 Comment
 7 домашни лекови кои навистина делуваат

Никој не ги оспорува чудата на модерната медицина – што би правеле да не беше измислен на пример пеницилинот? Но, за волја на вистината, голем дел од продуктите и предметите кои ги користиме секој ден, имаат посебни моќи кои можат да ви помогнат во различни ситуации. На пример веќе сте земале две таблети против главоболка, но таа не поминува. Можеби трикот со моливот ќе помогне? Еве куси медицински објаснувања за неколку бизарни – а истовремено и брилијатни – домашни т.н. лекови кои делуваат.

Маслинки против морска болест

Според истражувањето направено од медицински стручњаци во САД, голем број симптоми се појавуваат како резултат на морската болест (или уште наречена и болест на возење), меѓу кои и зголеменото излачување плунка, што е показател дека телото ги штити забите од зголемената доза киселина која се појавува пред да почне повраќањето. Земете неколку маслинки, кои содржат танини – матери кои кога ќе дојдат во устата, предизвикуваат намалување на плунката. Со тоа ги елиминирате симптомите и телото инстиктивно ги следи и реагира. Како и да е овој лек е делотворен само при почетни стадиуми на мачнини, кога прв пат ќе се појави зголемената количина на плунка.

Балзам вапоруб против габички на ноктите

Иако не постојат научни студии кои докажуваат дека премачкувањето на инфицираните нокти на нозете, со балзам вапо руб еднаш или два пати на ден е ефикасен третман против габички на ноктите, постојат многу сведочења од луѓе кои го докажуваат спротивното. Докторите не се сигурни од каде е ова позитивно дејство на балзамот, но според некои можно е дека ментолот кој се содржи во балзаммот ги убива габичките, додека други велат дека за тоа е одговорен ефектот на загревање кој создава состојба на задушување. Со тоа ако постојано се користи балзамот, не само што ќе се ослободите од непријатните габички, туку и од инфицираните нокти, кои постепено поцрнуваат и паѓаат, а на нивно место растат нови и здрави нокти.

Овесна каша против егзема

Ова е апсолутна вистина, бидејќи овесот има антиинфламаторни својства – тврдат стручњаците. Без разлика дали се користи како паста или пак смеса додадена во купка, голем број експерти препорачуваат да изберете фино сомелени овесни снегулки и да ја натопите критичната зона барем 15 минути. Освен тоа во прилог на намалување на воспалението оди и фактот што за овесот се смета дека има и антихистаминско дејство. Со намалување на нивото на хистаминот, кој предизвикува воспаление како реакција на имунолошкиот одговор на телото, јачменот овозможува намалување на појавата на црвенило.

Јогурт против лош здив

Лошиот здив се појавува од многу места, но најчесто од стомакот и устата. Неутрализирачкото дејство на јогуртот и другите пробиотици помагаат во лекувањето на овој проблем. Јогурот не може да има било каков ефект на бактериите кои живеат на јазикот бидејќи не се задржува доволно долго таму, тврдат специјалистите. Како и да е тој има неутрализирачко дејство на киселините кои се создаваат во пределот меѓу устата и стомакот, вклучувајќи ги задниот дел од грлото и езофагусот. Според некои лекари истото дејство би требало да го имаат и другите млечни производи кои содржат живи бактериски култури. И додека јогуртот може да помогне во отстранувањето на лошиот здив кој е резултат на гастролошка состојба, како појавата на киселин и сл., тој нема да помогне во отстранување на лош здив предизвикан од болести на непцата, црниот дроб или белите дробови.

Полна лажичка шеќер против икање

Во 1971 година, Едгар Енгелман, американски специјалист спроведе цела научна студија за да докаже дали навистина јадењето цела лажичка шеќер може да помогне во лекувањето икавица. Тој собра 20 пациенти кои страдаа од неочекувана икавица повеќе од шест часа, а осуммина од нив ја имаа повеќе од еден ден до шест недели. Секому му беше дадена по една полна лажичка шеќер да го голтнат сув и кај 19 од 20те пациенти, ефектот беше моментален. Андре Дубуа, специјалист гастроентерлог од Мериленд, забележа во едно свое дело дека „шеќерот најверојатно реагира во устата со модифицирање на нервните импулси кои праќаат сигнал до мускулите од дијафрагмата да се контрахираат спазмолитички„.

Загризете молив да излечите главоболка

Додека докторите не се сигурни зошто го правиме тоа, стискањето со забите е често нус појава на стрес. Според стручњаците, кога ги стискаме забите, ги напрегаме мускулите кои ја поврзуваат вилицата со черепот, што може да биде причина за главоболка. Ставањето молив меѓу забите, но не да го гризете јако, може да помогне во релаксирање на мускулите на вилицата, што ја намалува напнатоста и појавата на главоболка. Запомнете ова има влијание при стресни главоболки, од напнатост, не и на мигренозни или главоболки предизвикани од болни синуси.

Гаргара со солена вода при воспалено грло

Кога бевте дете и имавте воспалено грло, можеби се случило вашата мајка да ви подготви топла вода со сол, да правите гаргара….со што била на добар пат да ви помогне. Според експретите, воспаленото грло е инфламаторен одговор на инфицираните ткива, а солта помага да се извлече вишокот течност и привремено да се намалат отокот и болката. Најдобро е да направите растовр од 1 лажица сол и 250 мл вода, но секогаш е подобро да ставите и малку повеќе сол, отколку помалку. Запомнете смо дека ги третирате симптомите, но не и болеста. Ова помага во ослободување од болката, но е краткотрајно, бидејќи со правењето гаргара не правите ништо да ги отстраните вистинските причини кои го предизвикуваат воспалението на грлото.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 521

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: balzam vaporub jogurt maslinki ovesna kasa балзам вапоруб јогурт маслинки овесна каша габички на нокти
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved