Мусака со лосос
Состојки
– 400 г лосос, 1 тиквичка, 200 г спанаќ, 1 главица црвен кромид, 150 г крем сирење, 250 мл павлака за готвење, со мала масленост, 200 г моцарела
Приготвување
Спанаќот измиен ставете го во тава да омекне, па наредете пола од него на дното од огноотпорна тава,премачкана со масло. Кромидот исечете го на полумесечинки, тиквичката на кругови, а лососот на коцки. Распоредете еден слој лосос, еден слој кромид, тиквички па крем сирење. Така правете додека ги потрошите состојките. Завршете со остатокот од спанаќот, прелејте со павлаката за готвење и наредете ги резанките моцарела. Печете на 200 ° C околу 15-20 минути или додека добие златно – жолта боја. Послужете со свежа салата и топол леб.