Детоксицирајте си го животот за една недела
Отстранувањето на токсините не значи само пиење здрави напитоци и јадење здрава храна. Односно вистинската детоксикација е да ги отстраните сите негативни работи кои ви пречат и ве нервираат. Еве еден едноставен план кој ќе ви помогне да си го направите животот поубав.
1. Понеделник – време е да се релаксирате. Само шест минути читање доволни се да го намалите стресот за две третини.
– Најдете време да се видите со пријателите и да ги споделите своите грижи.
– Легнувајте си секоја вечер во исто време.
– Не им велете „да“ на сите покани кои ќе ги добиете.
2. Вторник – исчистете го домот. Само 70% од облеката во шифоњерите редовно ја користите. Останатите 30% се вишок.
– Донирајте ја облеката која веќе не ја носите.
– Продадете ги скапите парчиња облека кои само 1-2 пати сте ги облекле.
– Исфрлете ја исушената стара шминка или средства за чистење.
3. Среда – отстранете ги негативните луѓе. Да имате околу себе неколку вистински пријатели го прави животот поубав и според некои истражувања го продолжува животот за 20%.
– Идентификувајте ги позитивните и негативните врски во својот живот.
– Престанете да контактирате со лажните пријатели.
– Потрошете време со луѓето кои имаат потреба од вашата помош за да си и исполнат своите цели.
4. Четврток – сменете ги навиките за користење техника. Исклучете ги сите гаџети еден час пред да си легнете, за да имате подобар сон.
– Забранете користење на мобилни телефони и други уреди во тек на било кој семеен оброк.
– Исклучете ги сите нотификации.
– Ограничете го времето поминато на фејсбук на 60-90 минути дневно.
5. Петок – одјавете се комплетно од работа. Човечкиот мозок може да се концентрира само 90 минути во еден интервал. Потоа потребни му се по 15 минути интервали со одмори во текот на денот, за да се ресетира.
– Исклучете го службениот мејл кога ќе се одјавите од канцеларија.
– Отстранете го службениот инбокс од телефонот.
– Најдетe хоби со кое ќе ги тргнете мислите од работата.
6. Сабота – вежбајте. 150 минути неделно е времето кое возрасните треба да го поминат во посебно дозирани вежби за да почувствуваат позитивни ефекти.
– Тренирајте со пријатели или колеги, за да ви е позабавно и да сте мотивирани.
– Запишете се на часови по танц, ако не ви одговара спорт.
– Приклучете се на некој локален клуб за да запознаете нови луѓе.
7. Недела – хранете се здраво. Дајте си цел дека ќе губите по 0,5 – 1 кг телесна тежина додека ја достигнете идеалната.
– Согорувајте повеќе калории отколку што внесувате со редовно вежбање.
– Испланирате ден без капка алкохол во текот на неделата.
– Заменете ги калоричните кремасти сосови со растителни и здрави.
Да го направите првиот чекор секогаш е тешко. Но почнувањето со овој детоксикациски план за една недела е првиот чекор кон вашиот здрав и посреќен живот.