• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Облечете се според формата на телото

by РиД 08/03/2015 0 Comment
 Облечете се според формата на телото

Секоја жена е единствена по градбата на своето тело, а некои се комбинација од повеќе типови тело. За да бидете секогаш модерни и убаво облечени, мора да знаете прво каков телесен тип сте, односно дали сте „јаболко“, „круша“, „песочен часовник“, атлетски градени или „превртен триаголник“. Застанете пред огледало и проценете го својот изглед!

1. Атлетски тип – витки сте, а струкот, колковите и рамената се со слична ширина. Претставничка на овој тип е Камерон Дијаз.

Што да облечете – се‘ што ги нагласува убаво обликуваните раце или рамења, а создава илузија на облините. Носете интензивни бои и дезени кои ќе му додадат облини на вашето тело. Слоевитиот начин на облекување исто таа е одличен начин да создадете илузија на бујно тело.

2. Тип „јаболко“ – поголем дел од масата ви се акумулира над колковите кои се тесни. Грбот, рамената и ребрата се широки, можеби и пошироки од другите типови тело. Претставничка – Дру Баримор.

Што да облечете – нозете се ваш адут и истакнете ги. Торзото можете да го издолжите носејќи облека со В израз или туники, блузи кои го прикриваат вашиот стомак. Морате да создадете илузија на струк. Бирајте комбинации кои се тесни во горниот дел и потоа лесно се шират кон колковите.

3. Тип „крушка“ – долниот дел од телото е поширок од горниот, односно колковите ви се пошироки од рамената. Адути ви се рамената, торзото и рамниот стомак. Претставничка – Ким Кардашијан.

Што да облечете – нагласете ги струкот и рамената, додајте им волумен на рамената и горниот дел, а прикријте ги колковите. За вас идеална облека е онаа која ги камуфлира бујните колкови, значи здолништа со лесен А-крој или молив – облик. Обратете внимание на горниот дел од телото. Избегнувајте ги сукњите со интензивни бои и дезени. Маиците или блузите со овален или квадратен израз се одличен избор за вашата градба на тело.

4. Тип „песочен часовник“ – рамената и колковите ви се со слични пропорции, и раздвоени се со тесниот струк. Претставничка – Бијонсе.

Што да облечете – покажете ги своите облини, но со мерка! Облечете се во облека која ја нагласува вашата фигура, но без претерување. Одличен избор се фустани на преклоп, тесни фармерки, здолништа со висок струк.

5. Тип „превртен триаголник“ – на припадничките на ваков облик на тело горниот дел им е поширок во однос на тесниот струк и колкови. Претставничка – Рене Зелвегер

Што да облечете – ваша задача е да го нагласите долниот дел од телото, а да ги ублажите рамената и горниот дел од телото. Истакнете ги нозете, струкот и колковите. Носете сукњи или панталони во светли бои или облека која создава илузија на потесен струк.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 588

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: moda oblekuvanje telesen tip мода облека телесен тип
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved