Митови за микровалната печка
Со години се зборува за потенцијалите опасности кои можат да се појават поради подгревање на храната во микровалната печка, но според најновите сознанија во тоа има и многу митови.
1. Храната од микровална е помалку хранлива
Директорот на Центарот за истражување на престижниот универзитет Јејл, Давид Кац, не се сложува со ова и смета дека микробрановите со кои се обработува храната не влијаат негативно на нејзината нутритивна вредност. Тоа важи за витаминот Ц,, омега 3 масните киселини или биофлавоноидите, кои генерално се чувствителни на топлината. Исто така зеленчукот ќе изгуби дел од витамините кога се вари во вода, а ако во микровална печка користите малку вода за готвење, дури и ќе добиете повеќе хранливи нутриенти.
2. Храната не смее да се подгрева во микровална
Ова тврдење за жал е точно но само ако употребувате несоодвени садови. Имено треба да избегнувате пластични садови кои не се наменети за греење во микровална, бидејќи можат да испуштат опасни материи како BPA и фталати, кои се мешаат со храната. Некои студии тие опасни врски ги поврзуваат со дебелината и карциномите. Дури и големото истражување на Enviromental Health Perspectives од 2011 година потврди дека овој проблем постои и со садовите кои имаат ознака дека не содржат BPA состојки, а биле вклучени 455 садови, од шишенца за бебиња до садови за чување храна.
3. Подгреаната тестенина е поздрава
Ова може да се гледа двонасочно, бидејќи научниците и лекарите тврдат дека не е доволно истражено. Неодамнешниот експеримент на Би-Би-Си така ги поттикна гласините дека повторно подгреаната и изладена тестенина во микровална го намалува ризикот од пораст на глукоза во крвта за 50%, поради т.н. отпорен скроб. На тој начин телото користи помалку шеќери и калории, но внимавајте, тоа е само една теорија. Исто така докторката Денис Робертсон од универзитетот во Суреј, откри дека изладените тестенини му овозможуваат на телото да ги третира како влакна и така да создаде помал раст на глукоза и да ги нахрани добрите бактерии кои ги има во системот за варење. Но, немојте да се возбудувате премногу, бидејќи сето тоа допрва треба да се докаже.
4. Колку микробрановите продираат во храната
Доктор Давид Кац вели дека микробрановите во храната влегуваат 2,5 до 3 см. Тоа не е проблем при подгревањето, туку при готвењето храна. Ако сакате да печете месо или да готвите некоја храна, постои можност средината да остане жива, а тоа може да доведе до труење со храна. Затоа микровалната се препорачува за подгревање на храна.
5. Микровалната не е опасна за здравјето
По долги години полемизирање поголем дел од научниците се сложуваат дека микробрановите кои впрочем овозможуваат да се подгрее храната, не прават ништо опасно за човековото здравје, а Кац нагласува дека треба да се отфрли сега веќе старинското уверување дека таа не‘ зрачи додека стоиме пред нејзе.