• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Едукативна донација од „Хелен Дорон“ центрите

by РиД 23/09/2014 0 Comment
 Едукативна донација од „Хелен Дорон“ центрите

Центрите за рано изучување на англискиот јазик ”Хелен Дорон” од Македонија ќе ја подарат првата едукативна донација на децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври” Скопје. Како дел од промоцијата на методот кој над 25 години во светот е познат и признат како најдобар за создавање билингвални деца, франшизерите на центрите кои го донесоа овој метод во Македонија, донираа бесплатни часови и материјали за учење англиски јазик за штитениците на Домот 11 Октомври.

– Центрите „Хелен Дорон” не се класичен пример за изучување на англиски јазик, па затоа и начинот на промоција е насочен кон запознавање на што повеќе деца со бенефитите на програмата. Оваа донација е наша желба веќе подолг период и ни претставува особена чест што токму во пресрет на новата учебна година, наши ученици ќе бидат и децата од Домот за деца „11 Октомври”. Убедени сме дека програмата ќе им се допадне, а воедно и ќе ги видат придобивките од истата – учење на англискиот јазик и негова употреба на исто ниво како македонскиот јазик. Ова е програма за создавање на „деца на иднината” и сме многу среќни што децата од Домот ќе бидат дел од неа” – изјави Валентина Динова, сопственик на мастер франшизата „Хелен Дорон” за Република Македонија и иницијатор на акцијата.

Донацијата ќе биде во форма на едносеместрални часови според „Хелен Дорон” програмата кои ќе се одржуваат во Домот „11 Октомври” секоја сабота, во времетраење од три месеци. Со ова уште еднаш се докажа дека навистина во „Хелен Дорон“ децата секогаш се на прво место.

– Благодарни сме на  „Хелен Дорон” центрите што во новата школска година им овозможија на децата да се запознаат со програмата стара 25 години, која според моите сознанија, е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, а за мене како Директор, тоа е навистина значајно – им се заблагодари Ристенка Атанасовска, Директор на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”, на Живкица Каленикова и Јасмина Шилегова сопственичките на „Хелен Дорон“ центрите од Центар и Карпош во Скопје, чии учители ќе ја спроведат оваа благородна мисија.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 474

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca edukacija Helen Doron obrazovanie деца едукација образование Хелен Дорон
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved