• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Подмладете се со домашни маски

by РиД 08/10/2014 0 Comment
 Подмладете се со домашни маски

Есента сe‘ уште е пријатно време во кое не‘ развеселува со убавите бои, есенската мода…но и најважното есенските плодови, кои овој пат можете да ги искористите за нега не лицето и телото. За овие маски нема да ви треба многу време, ниту пари, а и не мора да одите во козметички салон.

Маска од тиква

Витамин А, антиоксиданс во вид на витамин Ц и цинк – сето тоа ќе го добие вашата кожа со оваа маска

Состојки:

– 1 голема лажица пире од тиква

– лажица мед

– ½ лажица млеко

Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето со кружни движења. Избегнувајте ја зоната околу очите. Маската оставете ја да дејствува 15- 20 минути, па измијте ја со млака вода.

Мускатно оревче и цимет

Овие зачини не само што мирисаат добро, туку се добри и за вашата кожа. Мускатното оревче има антивоспалителни својства и може да ги стесни порите, да го намали црвенилото од акните, но и да ублажи лузни. Циметот делува како пилинг и антисептик. Кога ќе се измешаат овие зачини со мед, добивате лековита маска. Внимавајте со оревчето оти може да иритира чувствителна кожа, па затоа прво пробајте на мал дел од кожата пред да ја нанесете на цело лице

Состојки:

– лажица мед

– ¼ лажичка цимет

– ¼ лажичка мускатно оревче

Измешајте ги состојките и нежно нанесете на кожа. Оставете 20 минути па измијте се со млака вода.

Шеќер и зачини за пилинг на телото

кожата ќе ви биде благодарна ако и подарите пилинг со кој ќе ја подмладите и намирисате, а вашата циркулација ќе се подобри. И тоа се‘ поради состојките кои ги имате дома и можете да ги користите. Пире од тиква и цимет во комбинација со кафеав шеќер, тоа ќе биде вистински мирисен мелем.

Состојки

– ½ филџан пире од тиква

– ½ филџан кафеав шеќер

– ¼ лажица мелен цимет

Ова е пилинг не само за лице туку и за тело. Измасирајте се нежно, па потоа измијте ја кожата.

Маска од брусници

Брусниците природно се богати со витамин Ц и К и содржат антиоксиданси, што ќе ја направи вашата кожа младолика и ќе ви ги намали подочниците, односно ќе ги направи помалку видливи. Тие се природен тонер на лицето, а кога се комбинираат со мед и јогурт прават маска совршена за меко лице.

Состојки

– десеттина свежи брусници изгмечени

– лажица мед

– лажица јогурт

Поврзете ги состојките и со кружни движења нанесете ги на лице, но не околу очите. Оставете ги 15 минути, па измијте ги.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 423

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: domasni maski koza lice maski nega домашни маски лице маски нега
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved