• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Вежбањето е здраво за бебето

by РиД 11/05/2014 0 Comment
 Вежбањето е здраво за бебето

Основните потреби на новороденчето не се само храна, нега и љубов, туку и задоволување на потребите за движење. А тоа може да се постигне со физички вежби.

Денес со сигурност се знае дека раниот раст и правилен развој на моториката не е резултат само на процесот на созревање, туку и од учењето различни активности. Не можеме да влијаеме на редоследот на појавата на движењата и активностите, што значи дека не можеме да го научиме да седи или станува пред да достигне одреден степен зрелост. Но зависно од стимулансите кои детето ги добива, ќе постои разлика во квалитетот на нивното изведување. Ангажирањето на родителите и возрасните во неговата околина може да овозможи максимален развој на неговите потенцијали.

Родителите со нетрпение го очекуваат секое ново движење на бебето, но тоа е воглавно пасивно гледање, од страв дека ќе се повреди или затоа што не знаат дека нему му е потребна помош да совлада одредена активност. Во најрана возраст, поради ограничените можности на движење, бебето можеби делува беспомошно, но тоа не значи дека лесно може да се повреди.

Вежбањето за бебето не е поголем напор од оној на кој е изложено при повивање или бањање. Но од тие активности се разликува по целта, а тоа е воспоставување движења и зајакнување на коскено-мускулниот систем. Со одредени вежби се постигнува цврстина на зглобовите и мускулите, како и правилно обликување на телото. Се препорачува во тек на вежбите родителите дирекно да му се обраќаат на детето, со зборување, песна, допири, охрабрување, бидејќи на тој начин се воспоставува добра комуникација со детето.

Како да се вежба

Во најраната возраст на стимулација добиваме рефлексен одговор, но како созрева детето и ги вежба движењата, брзо препознава што од него очекуваме и почнува да одговара. Тоа ќе биде побрзо и поуспешно ако се одвива на заеднично задоволство. Затоа со бебето треба да се вежба исклучиво кога е здраво и расположено, а истото важи и за родителите.

Препорака е да се вежба секојдневно, во траење од 15-30 минути, со некој постојан ритам, пред бањање или повивање, почитувајќи го распложението на бебето. Ако во тек на вежбите забележите промена во однесувањето на детето, прекинете ги. Една од причините може да биде и премор. Секој родител по неколку дена може да препознае што му годи на детето и колку треба да траат вежбите. Исто така не трба да се вежба со детето непосредно по јадење, но ни кога е гладно.

Најдобар вовед во вежбите е масажа. Може да се применува од најрана возраст, кога влијае на опуштање на мускулите кои биле згрчени поради положбата која ја завземало бебето уште во мајчината утроба. Според возраста на детето, со следење на неговиот психомоторен развој, се прилагодува и програмата со вежби.

Иако не можат да се повлечат прецизни граници, во првата година од животот можеме да издвоиме неколку карактеристични периоди во развојот:

– во првите три месеци од животот вежбите имаат за цел да го опуштат бебето, особено рацете и нозете,

– од третиот до шестиот месец се активираат и зајакнуваат големите групи мускули на грбот, вратот, стомакот, рацете и нозете,

– од шестиот до деветтиот месец се прават вежби како подготовка за ползење и одржување стабилна положба при седење,

– од деветтиот до дванаесеттиот месец бебето треба да се подготви за исправена положба и одење.

Редоследот на појава на одредени активности е иста кај сите дечиња, но не и времето на нивното појавување. Тоа зависи, не само од индивидуални разлики, но и од надворешни стимуланси на кои бебето е изложено, како и ангажирањето на родителите. Исто така, не треба да се споредуваат моменталните можности на детето со неговите врсници, бидејќи тоа може да ги зголеми очекувањата на родителите, но и да ги обесхрабри и да влијае на тоа да се откажат од вежби со бебето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 478

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe gimnastika vezbi бебе вежби гимнастика
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved