Њоки со пршута во кремаст сос
Состојки:
– 700 г сварени њоки, 250 мл павлака за готвење, 2 лажици путер, 3 лажици сечкан босилек, 100 г сечкана пршута, 100 г рендан кашкавал пекорино, сол и црн пипер
Приготвување:
Загрејте ги во еден сад путерот и павлаката за готвење на тивко додека се стопи путерот. Тргнете го садот од ринглата и додајте го босилекот и пола од ренданиот кашкавал. Промешајте и зачинете по вкус со сол и црн пипер. Садот во кој ќе ги печете њоките премачкајте го со путер, па додајте ги њоките и пршутата а над нив истурете го сосот, па најгоре посипете со остатокот од кашкавалот. Печете во рерна загреана на 250 степени околу 25 минути, додека добие на површината кафеавкаста боја. Оставете да се излади 5- 10 минути па послужете.