Авокадо со јајце на око
Состојки:
– 1 авокадо, 2 јајца, по избор- ситно сечкана сланина или други продукти по желба, сол
Приготвување:
Овој одличен појадок се подготвува брзо и едноставно. Зрелото авокадо се сече на пола и се вади семката. Во секоја половина се става по едно цело јајце, се зачинува со сол и се става ситно сечкана сланина или некои други продукти по желба. Се пече во загреана рерна и плех претходно загреан во рерната, додека фати коричка јајцето.