• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

6 еко причини зошто доењето е најдобар избор

by РиД 04/08/2013 0 Comment
 6 еко причини зошто доењето е најдобар избор

Во тек е светската недела на доењето, а освен веќе познатите позитивни особини кои ги има за растот и развојот на бебето, доењето е и еко-пријателско. Еве шест причини зошто треба да ги фрлите шишенцата и да се решите за доење.

1. Доењето штеди енергија

Мајчиното млеко се користи директно од изворот, поради што е на совршена температура за вашето бебе, односно не е потребно дополнително загревање. Покрај тоа придонесувате за заштеда на енергија, која би се искористила за масивно производство и дистрибуција на шишенца и адаптирано млеко, дури и за рециклирање на искористените шишенца. Мајчиното млеко исто така има свое соодветно складиште. Додека многу родители подготвуваат одеднаш неколку шишенца со адаптирано млеко и ги чуваат во фрижидер, мајчиното млеко нема потреба да се подготвува и складира на ладно.

2. Не е потребна пластика

Најмногу бебешки шишенца во себе содржат разни форми пластика, која се прави од разни видови нафттени деривати и е еден од најголемите загадувачи на околината. Не постојат конкретни докази за тоа колкава количина нафта се користи за изработка на пластиката, но според најголем број студии околу 8% од светското производство отпаѓаат за производство на шишиња од пластика. Освен тоа пластиката при распаѓање ослободува штетен и токсичен отпад како јаглерод диоксид, нитроген оксид и др., кои ги загадуваат воздухот, водата и почвата, да не спомнуваме и нашето здравје. Воедно, многу пластични шишиња не можат да се рециклираат правилно, односно во нови шишиња. Наместо тоа се рециклираат во други продукти, а тоа бара дополнителна енергија и трошоци.

3. Доењето е биоразградливо

Бебешките шишенца се специфичен продукт. Додека многу други предмети кои ги користите дома можете подоцна да ги пренамените за друга цел, овие шишенца имаат една единствена намена – да го нахраните бебето. Можете да купите пластични, стаклени дури и еко-пријателски шишенца, но на крајот сепак во раце имате предмет со ограничена употреба и времетраење. Да, некои шишенца можат да се рециклираат, но дури и тие не можат комплетно да бидат рециклирани (како на пр. цуцлите и други додатоци), а тоа не е поволно за нашата и онака пренатрупана околина.

4. Доењето го намалува отпадот

Шишенцата и адаптираното млеко повлекуваат многу трошоци за пакување и транспорт. Кутии, хартија, пластика и т.н., за чие производство и рециклирање се потребни многу енергија и трошоци, се користат за пакување на шишенцата, додатоците за нив и за адаптираното млеко. Додека мајчиното млеко нема отпадоци бидејќи не се потребни дополнителни материјали за негово пакување и транспорт. Освен ако не го рачунате вашиот нов модерен викторијас сикрет градник за доење. Но тие барем се трудат да бидат еко-пријатели.

5. Доењето ја намалува потрошувачката на бензин

Ако доите нема потреба навечер да трчате во продавница за да купите адаптирано млеко. Исто така доколку повеќе мајки дојат, се намалува побарувачката за шишенца и адаптирано млеко, а тоа значи помалку трошоци за бензин потребен за нивен транспорт. Освен тоа доењето ги намалува бројот на возења до ординацијата на педијатарот, бидејќи докажано е дека доените бебиња се поздрави.

6. Доењето ја намалува изложеноста на хемикалии

Во последниве години се покажа дека многу брендови бебешки шишенца во себе содржат опасни хемикалии како бисфенол-А (BPA) и фталати кои потоа преминуваат во бебешкото млеко, воздухот, почвата и водата. Можете да изберете стаклено наместо пластично шишенце, но и тие имаат проблем со рециклирањето. Исто така можете да се обидете да најдете нетоксични бебешки шишенца, кои пак се многу скапи. Ако сте загрижени за токсините во мајчиното млеко, научниците ви порачуваат да не се нервирате, бидејќи можноста да тие се појават и нивниот процент се незначителни. Најекономичниот, нетоксичен избор за вашето бебе и за заштита на планетата Земја сепак е мајчиното млеко, односно доењето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 609

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe doenje ekologija nedela na doenje бебе доење екологија недела на доење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved