Пржен сладолед
Состојки:
– сладолед од ванила, 50 г шеќер, 4 лажички цимет во прав, 5 лажици корнфлејкс, масло за пржење
За декорација- течно чоколадо и шлаг
Приготвување:
Прво корнфлејксот ставете го во една најлонска кеса и истолчете го да добиете поситни парчиња., но немојте да претерувате да не се претвори во прав. Потоа ставете го во еден сад и додајте ги циметот и шеќерот, па измешајте. Со лажица за сладолед вадете топки од сладоледот, па извалкајте ги во смесата со корнфлејкс. Готовите топки сладолед наредете ги во сад обложен со хартија за печење и ставете ги во фрижидер. Нека стојат еден час. Поголема количина масло загрејте до вриење во еден сад, па земајте ги топките сладолед и пржете ги кратко, околу 2 – 3 секунди. Веднаш извадете ги и сервирајте ги во корнет -чинија за сладолед и декорирајте ги со течно чоколадо и шлаг.
Ако немате корнет – чинија за сладолед можете сами да направите од тортиљи.:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Тортиљите ставете ги кратко во микробранова печка, колку да омекнат за да можете да ги виткате. Премачкајте ги со малку путер од двете страни. Сад за печење мафини превртете го наопаку и ставете една тортилја помеѓу 4 калапи. Наредете онолку тортилји колку што може, па ставете да се печат во рерна околу 9 – 12 минут. Внимавајте да не ви изгорат. Нека се изладат пред да го сервирате сладоледот во нив.