• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Шери бомбици

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од

Се породи во океан и предизвика бура од реакции на

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење во Скопје

by РиД 03/06/2022 0 Comment
 Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење во Скопје

Во присуство на водечките дами од словенечкиот козметички бренд Афродита, Звонка Новак Хабот, заменик директорка, Јудита Железник, одговорна за односи со јавноста и Катја Посл, одговорна за продажба на странските пазари и во друштво на 100-тина дами од јавниот живот, во убавиот амбиент на „Рагуза 360“ во непосредна атмосфера, дружење и музика, беа одбележани 50 години од постоењето на Козметика Афродита. 

Помеѓу гостите беа топ моделите Марјана Станојковска и Маја Сашек, модните дизајнерки Лидија Георгиева и Росица Мршиќ, актерките Амернис Нокшиќи и Ивана Павлаковиќ, препознатливите тв лица Живкица Каленикова, Билјана Дебарлиева и Татјана Стојановска, инфлуенсерки и претставници на медиумите.

Во своето обраќање до присутните, Јудита Железник истакна дека ова е приказна која говори за традицијата, иновацијата, квалитетот, општествената одговорност, врвниот професионализам, успехот, посветеноста, но, пред се, за убавината. 

„Избираме еколошки произведувачи, ја почитуваме природата, па затоа, нашите производи не содржат силикони, парафини, вазелин, синтетички мириси и бои. Производите на Афродита содржат и до 100% природни состојќи без никакви суровини од животинско потекло. Врвниот квалитет на производите, што го осмислуваме, развиваме и тестираме во нашите сопствени лаборатории, се одобрени од меѓународно признати независни институции, а нашите производи ги задоволуваат и највисоките европски стандарди Good Manufacturing Practices. Некои од производите се тестираат и под надзор на дерматолози и педијатри“, велат од тимот на козметичкиот бренд.

Почетоците започнуваат во Рогашка Слатина, место познато по лековити води, во прегратките на совршената природа што ја инспирирала г-ѓа Даница Зорин Мијошек, основач и директор на компанијата. Бренд кој се грижи за своите корисници, од разбирањето на нивните желби, потреби и очекувања. Сложена приказна, но со едноставна цел: „Како да воодушевиме и да помогнеме да се чувствуваме убави во сопствената кожа“. 

Козметика Афродита е приказна за два бренда „Beauty care“ и „Afrodita professional“, кои денес, со повеќе од 650 козметички производи ги воодушевуваат потрошувачите ширум светот, а благодарејќи на „Саманта доо“, како дистрибутер, овие производи ги има и на македонскиот пазар, па затоа на овој убав настан им беше доделена плакета за успешна и долгогодишна соработка со словенечкиот бренд.

Првиот бренд „Beauty care“ се производи за поширока потрошувачка и се наменети за нега на лице и тело, a вториот „Professional care“ вклучува производи наменети за професионална употреба за козметички и фризерски салони и за велнес и спа центри за нега на лице, тело и коса. Овој бренд изминативе години доживеа експанзија со помош на исклучителната златна козметика. Златото како симбол за гламур, сјај и престиж се повеќе се користи во козметиката. За првпат Афродита го употребува во производите Pure Gold и Pure Gold Divine, во кои парченца злато синергиски се поврзани со изофлавони од соја и со висока концетрација на дермо – козметички состојки. Раскошната и луксузна текстура, која значајно го подобрува тонусот на кожата и делува ефектно врз брчките. 

И во иднина Афродита останува посветена на природата, квалитетот и останатите темелни вредности, за да се чувствуваме удобно во сопствената кожа, здраво, привлечно, сензуално, самоуверено, природно и убаво.

Facebook:   afroditacosmeticsmk
Instagram:   afroditacosmetics_mk

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 368

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: Афродита јубилеј козметика
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Голем концерт на Каролина во Скопје

15:40 08 Jun 2022

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

14:42 07 Jun 2022

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

14:26 07 Jun 2022

Шери бомбици

14:11 07 Jun 2022

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

13:46 07 Jun 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved