• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Топ 5 прегледи за секоја жена

by РиД 13/03/2026 0 Comment
 Топ 5 прегледи за секоја жена

Современиот начин на живот од жените наметна да бидат грижливи мајки, добри сопруги, успешни на работното место, но да не ги заборават и домашните обврски. Со еден збор, денешното темпо на живот создаде „супер-жени“. Сепак, во таа трка по успех и грижа за семејството речиси многу малку наоѓаат време да се посветат на себе и на своето здравје. Докторите советуваат кои прегледи се задолжителни за рано откривање на малигните болести кај женската популација , бидејќи редовните превентивни прегледи може да ви го спасат животот.

Карцином на дојка

Колку порано се открие карциномот на дојки, толку се поголеми шансите за негово излекување. Секоја жена или девојка на возраст над 25 години мора да прави редовни ехо прегледи, а над 36-40 годишна возраст еднаш годишно мамографски прегледи на дојка. Мамограмите се ниски дози на х-зраци, кои можат да детектираат мали димензии на тумори, кои не можат да се напипаат и немаат никакви симптоми. Но она што е најважно е што овие тумори во голем процент може да се излекуваат.

Карцином на грло на матка

ПАП-тестот е едноставен начин да го превенирате карциномот на грлото на матка. Овој карцином е единствен за кој е познат  причинителот, а тоа е ХПВ-вирусот. За време на ПАП-тестот се зема примерок од грлото на матката кое понатаму се носи на лабораториска анализа. Доколку се утврди присуство на ХПВ, се прави типизација за да се утврди за кој тип вирус се работи. Во зависност од резултатот вашиот гинеколог ќе ви ги даде понатамошните насоки со  цел да се превенира карциномот на грлото на матката.

Меланом

Меланомот е најопасниот тип карцином на кожата кој на почетокот нема никакви симптоми. Ризикот од овој карцином се зголемува како резултат на предолгото изложување на сонце и ултравиолетови зраци. Секоја жена мора да прави редовна проверка на бенките и да следи дали има промени во бојата, големината или формата. Исто така, се препорачуваат и редовни дерматолошки прегледи со чија помош навреме ќе го откриете и ќе го спречите развојот на меланомот.

Карцином на дебело црево

Колоректалниот карцином сѐ повеќе зема замав. Она што е загрижувачки е што се намалува и старосната граница, сѐ повеќе млади луѓе заболуваат од оваа подмолна болест. Најчесто настанува од полипи, кои се развиваат во канцер. Колоноскопија е скрининг тест за карцином на дебелото црево. Се изведува со анестезија, така што пациентот не чувствува никакви непријатности или болка. Се препорачува за сите жени на возраст над 50 години. Но доколку сте ризична група, односно во семејството имате заболен од оваа болест, тогаш со скрининг мора да почнете многу порано. Исто така, колоноскопија мора да се направи веднаш доколку ги имате следниве симптоми:  појава на крв во столица, нередовно празнење, чувство на недоиспразнетост.

Карцином на бели дробови

Карциномот на белите дробови е најчестиот карцином и причина за смртност кај населението. Една од главните причини е пушењето и загадувањето. Болеста започнува тивко, без предупредувачки симптоми. Како што стадиумот на болеста напредува, се појавуваат и симптомите – долги и хронични кашлици, болка во градите, особено за време на вдишување, искашлување крв и замор. Навременото откривање е поврзано со поголема стапка на преживување. Се дијагностицира со помош на рендген на бели дробови или компјутерска томографија. Лекувањето е со хируршка интервенција, радиотерапија, хемотерапија или хеморадиотерапија.

Photo by Matthias Cooper
  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 156

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: жени здравје убавина
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved