• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Некои однесувања на детето, едноставно не смеете да ги толерирате

by РиД 11/04/2023 0 Comment
 Некои однесувања на детето, едноставно не смеете да ги толерирате
фото: pexels

Без разлика дали воспитувате енергично дете или имате работа со дете со силна волја, постојат одредени проблеми во однесувањето на детето кои се вообичаени во еден или друг момент. Начинот на кој реагирате на овие проблеми игра голема улога во тоа колку е веројатно вашето дете да ги повтори во иднина.

Лажење

Постојат три главни причини зошто децата лажат: да привлечат внимание, да избегнат неволја и да се чувствуваат подобро за себе.

Кога ќе го фатите вашето дете во лага, прашајте: „Дали тоа навистина се случило или посакуваше да се случи?“ . Нагласете ја важноста на чесноста со создавање правило во семејството кое вели: „Кажи ја вистината“.

Пофалете го вашето дете кога ќе ја каже вистината – особено кога вистината може да го доведе во неволја. На пример и покрај вашата забрана детето изело колаче пред вечерата, и ви го признава тоа. Вие можете да му кажете „Горда сум на тебе што си искрен. Сепак, денес нема да смееш да играш видео игра, но, бидејќи ми ја кажа вистината утре нема да важи казната .“

Пркос

Дали вашето дете ве игнорира кога ќе му кажете да ги собере своите играчки или ќе рече „Не!“ кога ќе му кажете да престане да удира со играчка на подот? Пркосот е нормално однесување на  децата со кое ги тестираат на родителите.

Кога вашето дете е пркосно, понудете договор.  „Кога ќе ги собереш играчките, тогаш ќе можеш да гледаш телевизија“.

Ако се побуни, тогаш предупредете го дека ќе мора да се соочи со посериозни последици. И бидете доследни, само така ќе го научите детето прво да слуша пред да прозбори.

Премногу време пред екранот

Друг чест проблем со однесувањето на детето е отпорот при ограничувањата на времето поминато пред екранот. Без разлика дали вашето дете вреска кога ќе му кажете да го исклучи телевизорот или игра видео игри на вашиот мобилен телефон секогаш кога не гледате, премногу време пред екран не е здраво.

Воспоставете јасни правила за времето поминато пред екранот. Ако вашето дете стане премногу зависно од електрониката за забава, уште повеќе намалете го времето кое ќе го поминува пред екранот.

Покажете му и со пример. Одредете семејно време кога никој дома нема да смее да користи електорнски уреди или да гледа телевизија. А тоа време поминете го заедно во некои интересни активности.

Проблеми поврзани со храната

Можеби имате работа со пребирлив јадач. Или можеби вашето дете тврди дека е гладно на секои 10 минути или постојано нешто грицка. Ваквото однесување  може да доведе до проблеми со здравјето и телесниот изглед, па затоа е важно како ќе му пристапите на овој проблем.

Избегнувајте да кажувате работи како „зеленчукот е здрав“. Децата имаат тенденција да мислат дека здравата храна има лош вкус. Наместо тоа, зборувајте за тоа колку е вкусен зеленчукот и другата хранлива храна и поставете ограничувања за грицките.

Агресивност

Вашето дете ја фрла книгата по математика, затоа што не може да ја заврши домашната задача. Или го удира братчето кога нешто се караат.

Некои деца стануваат агресивни затоа што не знаат да решат одредена ситуација на соодветен начин. Други се перфекционисти кои не можат да поднесат ако нешто не оди онака како што тие планирале.

Агресивното однесување е нормално кај малите деца до претшколска возраст. Но, агресијата  може со тек на време да прогресира и детето од неа да научи други вештини.

Секој пат кога ќе биде агресивно детето, тоа соодветно казнете го. Одземете му некои привилегии и сериозно поразговарајте  да сфати што направило, ако  со својата агресивност повредило некое друго дете. Доколку ова не вроди со плод, побарајте стручна помош.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 797

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: агресивност дете
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved