• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Знаци дека вашето тело е подготвено за бременост

by РиД 15/06/2012 0 Comment
 Знаци дека вашето тело е подготвено за бременост

Според последните истражувања, само околу 30 % жени имаат проблем да забременат. Секако никој не може со сигурност да знае дали има проблеми, додека не почне да се обидува да забремени, но постојат некои добри индикации за тоа дека вашето тело е подготвено за бременост

Редовни циклуси

Жените кои имаат редовен циклус на 24 до 35 дена, најверојатно овулираат нормално, порачуваат стручњаците. Редовниот циклус е еден од најважните и најјасните знаци дека хормоните работат нормално и ослободуваат јајце клетка секој месец.

Можете да откриете кога овулирате

Да можете да утврдите кога во вашето тело се случува овулација, во текот на секој циклус, е повеќе од поволен знак. Тогаш ќе можете да ги зголемите сексуалните односи во текот на тој период, за да си ги подобрите шансите за бременост. Повеќето жени овулираат 14 дена пред следниот циклуст (во циклус на 28 дена, та значи дека овулацијата е на 14от ден, а во циклус на 35 дена, на 18от ден). Користењето на разни методи за да ја утврдите дали има овулација (испитување ниво на хормони или мерење базална температура) ќе ви помогне да се осигурате кога точно се случува овулацијата.

Имате нормална телесна тежина

Ако имате вишок или недоволно килограми, голема е веројатноста да имате проблеми со фертилноста. При изразито голема телесна тежина вишокот телесни масти можат да го нарушат хормоналниот баланс кој е потребен за правилна овулација и развој на ембрионот, а воедно и за здрава бременост. Од друга страна, жените со телесна тежина под нормалната, односно помалку телесни масти, можат да имаат проблем со забременувањето, бидејќи телото ќе го троши вишокот енергија за да функционира нормално, што може да влијае на изостанок на овулацијата.

Во најголем број случаи редовниот менструален циклус е најважниот знак дека сте фертилни, без разлика на телесната тежина. Но губењето или качувањето килограми за да стигнете до здравиот индекс телесна маса (односно она кое е за вас нормална телесна тежина) пред да почнете да се обидувате да забремените, е паметен потег, особено ако го правите на здрав начин. Тоа воедно ќе ви помогне и да имате здрава бременост, породување и постпородилен период.

Немате фиброиди или ендометриоза

Симтомите како болки во карлица или екстремно болни, тешки и долги циклуси, се најчест знак за фиброиди или ендометериоза, иако многу жени не се свесни дека имаат ваква состојба, додека не почнат да се соочуваат со проблемот за забременување. Овие состојби можат да предизвикаат проблем со забременувањето, сепак тоа не значи дека не можете воопшто да забремените. Фиброидите се бенигни тумори во матката кои ги имаат 20 – 40 % жени, но нивната големина и локација е она кое најмногу влијае на проблемите со забременување. Фиброидите кои можат да се појават во матката спречуваат да се имплантира ембрионот и да се развива правилно, додека појавата на други места, може да не влијае воопшто. Ако фиброидите влијаат на забременувањето, можат да се отстранат по оперативен пат.

Скоро над 10 милиони жени имаат ендометриоза, која предизвикува растење на ендометриумот надвор од матката во други телови од телото, како јајоводите и јајниците. Тоа е сериозен проблем кој оневозможува да се ослободи јајцеклетката и да биде оплодена нормално. Земањето лекарства препишани од лекар како и операција, може да ја намалат ендометриозата.

Никогаш не сте имале скриена сексуално пренослива болест

Одредени бактериски инфекции како кламидија или гонореја, можат да се прошират до репродуктивните органи, преидзвикувајќи карличен воспалителен процес. Тоа може да ги оштети јајниците, јајоводите и другите органи и да ги намали шансите за забременување. Воспалението има симптоми како – температура, вагинален исцедок, болка во тек на секс или уринирање, како и нередовно менструално крварење, додека инфекцијата може да помине не забележително. Ако никогаш не сте се тестирале за евентуални сексуални преносливи болести, тогаш време е да го направите тоа веднаш. Третманот со антибиотик помага да се спречи ширењето на инфекцијата и појавата на посериозни проблеми .

Не сте пушач

Нема потреба да ви кажуваме за штетноста на цигарите врз целокупното здравје. Она кое треба да го имате на ум е дека пушењето може да направи проблем во овулацијата и да го оддолжи забременувањето, како и да предизвика спонтан абортус. Овие опасности се поголеми ако и партнерот е пушач.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 397

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost problemi zabremenuvanje бременост забременување проблеми
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved