Запознајте ја ерика – раскошното цвеќе на кое студот не му може ништо
Во период од годината на пазарите и во цвеќарите може да се најдат билки со ситни цветови во бела, виолетова, розова и црвена боја кои се многу убави. Станува збор за ерика- цвеќе кое додека другите растенија се подготвуваат за зимски сон, е во полн цвет. Иако многумина би избрале да ја одгледуваат во домот, поради убавиот цвет, сепак таа поубаво се чувствува на ладно и влажно. Терасата за нејзе е најдобриот избор, поради овие нејзини особини:
1. Сака ниски температури – најчеста причина поради која многумина во овие месеци ја бараат да ја засадат е отпорноста на ниски температури. Имено темпертурата меѓу 5-15 степени е идеална за раст и развој. Сака повремена изложеност на сончеви зраци и во тој случај може да ја менуваат бојата, но тоа не пресудно за нејзиното цветање. Дури и ако вашата тераса е свртена на север или пак во зимските месеци има само 1-2 часа сонце, тоа нема да ѝ пречи.
2. Дава прекрасна боја на терасата – како што споменавме ги има во бела, розова, виолетова и црвена боја. Во време кога терасите се празни и нема зеленило, ериката ќе му ддаде неодолива боја и ќе го разубави и најтмурниот зимски ден. Идеални се за меѓусебно комбинирање, со тоа што во иста тегла можат да се остават до 15 см растојание за развој на коренот. Така можете да добиете разни палети на бои, зависно од вашите желби.
3. Едноставно се одржува – уште една предност е што бара минимално внимание, а дава многу. Еднаш кога ќе засадите ерика во тегла или саксија, кои задолжително мора да имаат дупчиња на дното за дренажа, која е пресудна за успех на оваа билка. Треба да ја залевате два до три пати неделно, а кога ќе се навикне на новата средина, доволно е еднаш на седум дена. Покрај добро дренирана почва и повремено сонце, нема потреба од никакви посебни услови. Дури и дополнително ѓубрење ќе може да им наштети. По зимските месеци само отстранете ги исушените цветови и гранчиња за да пораснат нови пролетни цветови.