• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Запознајте ги Саша и Тео од „Дајте музика“

by РиД 26/10/2019 0 Comment
 Запознајте ги Саша и Тео од „Дајте музика“

Децата напорно снимаа еден месец и како вистински професионалци ги завршија обврските. Во ова интервју имаме можност да ви ги претставиме двајца од нив Тео Манев (10) и Саша Димитриевска (7). 

По четири години посетување на драмското студио ова за обајцата беше прв сериозен проект и голем предизвик да се работи на него.
– Предизвикот беше голем бидејќи прво моравме да покажеме што сме научиле во изминатите години во драмското студио, и секој ден да доаѓаме подготвени, да го учиме текстот и сè што треба за снимањето. А второ ги наследивме улогите од  “старите“  ликови кои глумеа во првата „Дајте музика“ – едногласни се Тео и Саша.
Со серијата, освен што целта е да се вратат на телевизија детските емисии кои изминативе години ги имаше многу малку, е и да се покаже еден поинаков начин на дружба, кој со оглед на новите времиња е речиси заборавен – детските игри и дружби на улица, први симпатии, убавата музика…. да го заменат постојаното седење дома пред електронски уреди.
– Имав шанса да се запознаам со игрите кои ги играле моите родители и да се дружам со актерите кои глумеа во првата серија „Дајте музика“, како и со други познати македонски личности од светот на музиката, спорот, глумата – вели Тео, а Саша се надоврзува дека секој од нив бил интересен на свој посебен начин.
Имено во емисијата продефилираа Игор Џамбазов, Перо Антиќ, Гокица Лукаревски, Тамара Тодевска, Столе Стоилов, Бени Шаќири, Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Перо Антиќ, Каролина Гочева и многу други. Секој со својот талент ја направи емисијата поинтерсна и позабавна, а за младите актери незаборавно искуство.


Се разбира во текот на снимањето не изостанале интерсните случки и гафови , од кои нашите соговорници ни откриваат само дел – како оној кога еден од главните детски ликови наместо да каже „полека Рамбо“  вели „полека Ромео“, а за да ги дознаете другите, Саша додава:
– Секојдневно имаше повеќе интересни случки, некои дури ќе ги има на крајот од епизодите. Затоа редовно следете ја „Дајте музика“.
По завршување на снимањето кое траеше повеќе од еден месец и мораа да го завршат пред почетокот на школската година, Тео и Саша се вратија на школските обврски. Тео во училиштето „Јахја Кемал“ каде е шесто одделенец и ја обожава историјата, а Саша во ОУ „Гоце Делчев“ ,каде учи трето одделение и омилен предмет и è математика. Во слободно време Тео сака да спортува кошарка, фудбал или да игра игри на плејстејшн, додека Саша ако не свири пијано, се дружи со другарките и оди на прошетки во природа.
(A.З.)

 

  • 0
    Facebook
  • 2
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Post Views: 847

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 2
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved