• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Законски измени за посвојување деца

by РиД 29/03/2012 0 Comment
 Законски измени за посвојување деца

Собраниската Комисија за труд и социјална политика на денешната седница ги разгледуваше измените и дополнувања на Законот за семејство, во скратена постапка, со кои треба да се отстранат недостатоците во постојните законски решенија во делот на посвојувањето на деца.

– Со измените и дополнувањата се утврдуваат рокови во постапката што се води пред центрите за социјална работа, до уписот на посвоителите и посвоениците во регистарот на можни посвоители и посвоеници и глоби за непочитување на роковите, се формира нова Комисија за оцена на здравствената состојба на децата без родители и родителска грижа, а се воспоставува единствена листа на најсоодветни посвоители за територијата на Република Македонија, односно избор на посвоител по електронски пат, при што нема да се земе во предвид местото на живеење на посвоителот и посвоеникот – истакна во образложението министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Измените со утрвдување на роковите во постапувањето на надлежните институции треба да овозможат да не се одолжува постапката на посвојувањето. Новата лекарска комисија ќе ја оценува и утврдува здравствената состојба согласно нови категоризации, со оглед на тоа што старите биле ригорозни и како здрави деца ги регистрирале само оние со 100 отсто добар психомоторен развој, што придонело да биде помал бројот на здрави деца за посвојување.

Министерот Ристовски истакна оти со измените се воведува и единствен регистар на посвоители и посвоеници на територијата на Македонија, затоа што, рече, воопшто не е важно од каде се посвоителите или детето, туку оти во процесот на посвојување е важно да се направи избор најдобар и најсоодветен на детето.

Пратениците од опозицијата сметаат дека измените се потребни со цел да се надминат неправилностите во процесот во минантото, но дека доколку имало пропусти или кршење на законите во минатото некој треба да сноси и одговорност.

 

– Согласно она што беше утврдено во истрагата и она што беше докажано, рече министерот Ристовски, е санкционирано. Нашата цел, додаде, е да се спречат неправилности во иднина и децата посвоеници брзо и во транспарентна постапка да им биде најден соодветен дом.

Дел од опозицијата сметаше дека рокот од една година што им се дава на биолошките родители да го земат назад своето дете откако ќе го дадат во дом е долг. Можеби, рече министерот и додаде дека сепак мисли оти ним со стручна помош треба да им се даде шанса да си го добијат детето назад. – Доколу рокот прави проблем во постапката на посвојување може да се скрати во иднина, рече министерот Ристовски

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 623

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca posvojuvanje roditeli zakon деца закон посвојување родители
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved