Забавна „Back to school“ програма
Амбиентот и програмата ќе ја збогатат урнебесните Предраг Павловски и Тања Кочовска, а децата од „Златно славејче“ ќе ја развеселат атмосферата со своите впечатливи изведби. Креиран е и весел квиз на знаења со цел да им посочат на учениците дека училиштето е забавен дел од животот, за таа цел обезбедени се и многу награди, бидејки потрошувачите на Веро знаат дека секогаш ќе бидат почестени.
Игри и забава, но и училишна Веро работилница во која ќе можат да изработуваат уметнички креации од различни материјали, сеќавајќи се на летото, но и радувајќи и се на есента.
„Почетокот на училишната година е возбудлив за децата, но и за родителите. Затоа секој година креираме настани и осмислуваме активности со кои ќе го промовираме учењето, ќе го поддржиме училиштето, ќе ги зајакнеме врските помеѓу децата и книгите, но секако нема да ги заобиколиме ниту игрите и забавата, како дел од неформалното образование на секое дете. Оваа година обезбедивме и многу награди, музика, забава и се надеваме на голема посетеност и одличен помин“ – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер на Веро.