• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Помогнете им пребирливите деца

by РиД 28/08/2013 0 Comment
 Помогнете им пребирливите деца

Се обидувате да го нахраните вашето пребирливо дете, а никако не успевате. Секој пат наидувате на истиот проблем. Не сте единствени, бидејќи овој проблем со пребирање храна мачи голем број родители на деца од 12 месеци па 12 години. Најозлогласени пребирачи се претшколските деца, кои понекогаш знаат со денови да живеат на омилената паста или пак само грицки, одбивајќи се‘ друго кое содржи протеини, влакна, витамини или минерали.
Ваквиот проблем, иако често педијатрите не го сметаат за проблем туку ќе ве убедуваат дека е само минлива фаза, е стресен за целото семејство. Но, наместо да бидете нем набљудувач и секој ден да поминувате низ истите стресови, можете да ги земете работите во свои раце и да се обидете да ги смените. Еве некои совети од стручни лица специјализирани за проблеми со исхрана кај децата, кои откриваат и кои митови најчесто ги слушате, но и советуваат како да се снајдете. Секако, ова нема да биде брзо и едноставно, бидејќи треба време.

„Ќе порасне и ќе почне да јаде“

Многу деца најчесто на возраст од 2 – 5 години имаат голем страв од пробување нова храна, кое е познато како неофобија. Голем дел од нив го надраснуваат проблемот , но 25% од децата никогаш не го надминуваат. „Селективен јадач“ е терминот кој го користат експертите за да опишат дете кое јаде само одредена храна и воопшто не сака да проба непозната храна. Ова не треба да се меша со анорексија и булимија, бидејќи ваквите деца не се грижат за својата тежина. Како и да е без вистинското охрабрување да пробаат нова храна, овие деца можат цел живот да останат такви. Повеќето пребирливи деца се здрави, но децата кои одбиваат цела група храна, не прават добро за своето тело и здравје. Суплеменитите во исхраната можат да помогнат, но не можат да ги заменат целосно одредени видови храна.

„Таа е само напорна“

Возрасните често претпоставуваат дека пребирливоста на децата е начин на кој сакаат да ги држат под контрола нештата и да привлечат внимание, но тоа не е точно. Ваквото однесување има подлабока причина. Иако многумина за ова ќе ги обвинуваат и природата, начинот на одгледување и растење на децата, начинот на хранење, околината, сепак генетиката има најголемо влијание. Во една голема британска студија спроведена над деца од 8 – 11 годиншни близнаци, откриено е дека тенденцијата да продолжат со пребирање храна е 75% генетски детерминирана. Но и тука постојат исклучоци. Така со детални испитувања на деца од исто семејство (браќа и сестри) од кои едното е пребирливо за храна а другото не, откриени се случи кога причина за тоа биле здравствени проблеми, кои барале медицинска интервенција (проблеми со хранопровод на пр.) . Исто е забележано дека тоа е поизразено кај деца со проблеми во развојот. Секако, не секое пребирливо дете има здравствен проблем, но важно е да не се отфрла можноста дека нешто друго се крие зад проблемот со нејадење и бара третман.

„Ќе јаде кога ќе огладне“

Постои верување дека родителите на пребирливите деца премногу се напорни и ги тераат да јадат, па доволно е да се остави детето да огладни. Доволно е само да му се сервира јадењето. Но, вистината е поинаква. Оставањето да огладни нема да го натера детето да го надмине стравот од јадење храна која не ја сака, а анксиозноста ќе му го намали гладот, советуваат експертите. Тие додаваат дека и постојаното молење и форсирање да касне некој залак, додека сте седнати покрај маса, е успех со краток рок. Таквата игра ќе ги наруши односите меѓу вас и детето и целиот процес на хранење ќе го претвори во негативно искуство за детето. Тоа не значи дека треба да се обидувате да најдете начин како да го натерате да јаде. Ако му ја сервирате само омилената храна, тоа нема да има желба да проба нешто друго. Родителите постапуваат погрешно и кога одредено време запнуваат да јаде детето од јадењето подготвено за сите, а по неколку минути му го приготвуваат неговото омиленото јадење. Тоа само му ја поттикнува неговата пребирливост и погрешни навики во јадењето. Наместо тоа, размислувајте да најдете подобар начин како да му го проширите репертоарот од јадења кои ќе ги засака детето.

1. Вие планирањето го менито – наместо да го прашувате што сака, сервирајте неколку јадења и секогаш вклучете ја храната која знаете дека ќе сака да ја јаде. Комбинирањето омилена храна со нова, му овозможува да се чувствува безбедно додека ја пробува. Ставете му по една лажица од она кое го јаде целото семејство и седнете сите заедно на маса, за да му покажете колку е убаво да се јадат различни јадења.

2. Направете храната да не изгледа страшно – исто како кај проблеми со различни фобии, почнете полека да го запознавате со нови видови храна. На пример прво детето само нека ја гледа храната. Потоа охрабрете го да ја помириса, па да ја допре и лизне. Ако е подготвено да касне залак, дајте му, но бидете подготвени дека може да ја исплука и имајте до себе празна чашка. Ако сето тоа се прави без притисок има голема разлика. А кога прв пат ќе изеде залак од новата храна, охрабрете го и пофалете го за тоа. Но не го терајте уште да јаде ако не сака. Ако имате среќа веќе следниот пат ќе касне повеќе од еден залак.

3. Сервирајте, но не форсирајте – ова треба да ви биде правило при јадењето. Ваша обврска е да понудите разни видови храна, а детето само да направи избор што ќе јаде. При тоа не терајте го детето да каже колку му се допаѓа јадењето или не. Бидете подготвени да пробате повторно и повторно. Не се откажувајте по првиот или вториот пат откако сте понудиле нова храна. Некогаш потребни се 10 – 15 пати да му послужите и само да проба од новата храна, пред да ја прифати.

Уште неколку начини како да им помогнете на пребирливите деца

1. Постепено планирајте ги нештата – ваша цел не треба да биде веднаш да го префрлите детето од „лоша“ на „здрава“ храна, туку да се чувствува пријатно кога јаде разновидна храна. Експертите препорачуваат да се обидете со техниката позната како „нижење храна“ во која постепено ќе му нудите различна храна која е слична по вкус и текстура со онаа која ја сака. Ако на пример сака да јаде путер, сервирајте му го на крекери, тост, мини кроасан и на тенко парче јаболко. Родителите кои се обиделе со ваква техника велат дека имаат успех за неколку недели.

2. Додавајте не заменувајте – ако сака паста со путер, направете ја, но додајте црвен сос на малку тестенини во аголот од чинијата. Сака да јаде само црвено грозје? Додајте некое зрно зелено. Секогаш оставете му шанса за избор, дури и ако тоа значи дека ќе ја фрлите таа храна.

3. Истражувајте заедно – одете во продавница и избројте колку видови јаболки има. Засадете мини домати или зачини во саксија. Играјте игра во која ќе ги затворите очите а детето ќе ви даде да пробате храна и да погодите што е.

4. Сменете ја презентацијата – барајте начини како секој пат да му ја сервирате поинаку омилената храна. Купувајте различни брендови интегрални ужинки, разни видови паста, јогурт во чашки, па во шише и сл. Еднаш послужете му свежо овошје или зеленчук, следниот ден печено на скара. Ако вашето дете е чувствително на мириси од храна, сервирајте му ја на собна температура.

5. Намалете ги грицките – кога сте загрижени за внесот на калории кај вашето дете, честа грешка е давањето цел ден да јаде по малку кога ќе сака. Наместо тоа сервирајте му ужинка или оброк во одредено време, така што детето точно ќе знае кога да го очекува следното јадење. А ако во меѓувреме се пожали дека е гладно, дајте му вода. Не нудете му грицки на половина време пред следниот оброк, тоа ќе му го намали апетитот.

6. Побарајте професионална помош – селективното јадење е емотивен проблем кој ја нарушува самодовербата кај децата. Ако проблемот со јадењето предизвикува стрес кај детето или кај вас, тоа е доволна причина да видите што може да помогне, а што не. Особено ако проблемот се влошува и го спречува детето да ужива во животот. Прашајте го вашиот педијатар за совет кој детски психолог или медицински професионалец е специјализиран за проблеми со јадењето.

7. Размислувајте долгорочно – помогнете му на детето да сфати дека храната е нешто кое му помага за правилен раст и развој на целото тело. На пример ако не сака да јаде моркови, едноставно послужете се со трик и кажете му дека морковите се важни за видот, а тоа му е потребно ако сака да игра фудбал, да може подобро да ја гледа топката. Сосема е нормално да се чувствувате исфрустрирано од тврдоглавоста на вашето дете, но мора да бидете трпеливи и смирени. Времето кое ќе го потрошите за да ја најдете причината која на вашето дете му прави проблем со јадењето и да ја отстраните, ќе доведе прво до посмирени мигови додека целото семејство е на масата и јаде.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 521

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: jadenje prebirlivi deca problem so hrana јадење пребирливи деца проблем со храна
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1206