Во што да инвестирате во домот
При уредување на домот треба да се распореди одреден буџет, што воопшто не е лесно, но треба да знаете на што можете да заштедите пари, а во што треба да инвестирате повеќе.
Светски познатите дизајнери на интериер нејт Беркус и Илејн Грифин открија неколку корисни совети.
Во што да се инвестира
1. Кујнски апарати – никогаш не треба да се штети на кујнските апарати како шпорет и фрижидер. Подобро дајте помалку пари за завеси и осветлување бидејќи не се многу скапи и полесно ќе ги замените, отколку кога купувате крупни кујнски апарати.
2. Кревет – квалитетниот кревет секогаш е добра инвестиција, а ако купите добар модел ќе ви трае со години. Оштетениот мебел штоф секогаш можете без проблем да го смените. При купување внимавајте на изработката на рамката, држачите и перниците. Квалитетниот кревет може да трае и до 20тина години.
3. Душек и постелнина – бидејќи третина од животот го минуваме во кревет, не бидете шкрти кога станува збор за изборот на душек и постелина. Нека бидат што поквалитетни и секако од природни материјали.
4. Детали кои имаат емотивна вредност – за деталите кои даваат душа на секој дом, секако вреди да вложите пари. Ако најдете нешто што многу ви значи и има емотивна вредност, купете го. Секогаш ќе ве потсетува на тој посебен миг.
Во што да НЕ се инвестира
1. Маса – за разлика од столовите во кои минуваме многу време, масите всушност не се толку важни. Кога ќе поставите чаршав, сервис и прибор за јадење, масата е во втор план. Ќе ги гледате само столиците и сервираната маса.
2. Завеси – украсите за прозорите навистина не мора да чинат многу. Можете да ги набавите по порачка и за некоја разумна сума.
3. Впечатливи бои – никогаш не купувајте кревет во впечатлива боја на пример портокалова или зелена, бидејќи брзо ќе ви здосади. Подобро бирајте неутрални нијанси.
4. Перници – нема смисла да се дадат многу пари за скапоцена перница која за брзо време ќе ви стане неинтересна. Тие се потрошна роба!
5. Цвеќе – овде навистина можете да штедите! Убави цветни аранжмани можат да се набават по пристапни цени
6. Детски мебел – за него не се исплати да се дадат многу пари бидејќи децата брзо растат, а и сакаат да прават уметнички егзицибиции.