• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Висок крвен притисок во бременоста

by РиД 15/09/2012 0 Comment
 Висок крвен притисок во бременоста

Во тек на бременоста жената треба да помине низ регуларни проверки на крвниот притисок. Иако, жената пред бременоста немала проблеми со крвниот притисок, можно е да се појават, со ново настанатата состојба. Дури кај некои може да дојде до постојана хипертензија. Во ретки случаи, покачениот крвен притисок е безопасен за бебето и мајката. Сепак пре-еклампсијата со хипертензија не треба да се сфаќа лесно и треба да се внимава.

Што е покачен крвен притисок?

Хипертензијата значи зголемен притисок на крвта во артериите. Нормалниот крвен притисок е 140/85 mm Hg. Повисоката бројка го покажува притисокот во артериите при контракции на срцето, а помалата бројка го покажува притисокот кога срцето одмoра меѓу отчукувањата.

Крвен притисок во бременоста:

– лесно покачен: 140/90 и 149/99 mm Hg

– покачен: 150/100 и 159/109 mm Hg

– многу покачен: 160/110 mm Hg или повеќе од тоа.

Во тек на бременоста можат да се појават различни видови крвен притисок:

Постоечки – тоа значи дека хипертензијата се развила пред 20 недела од бременоста кај жената или таа го имала уште пред да забремени. Во овој случај тој ја зголемува опасноста од пре-еклампсија во тек на бременоста.

Забелешка: ако користите терапија за хипертензија, зборувајте со вашиот лекар за алтернативни лекови во периодот кога се обидувате да забремените, како и за лекови кои би можеле да ги користите во тек на бременоста без опасност за развојот на бебето.

Пре-еклампсија – е вид на проблем со срцето, кај бремени жени кои развиле хипертензија по 20 недела од бременоста и во ретки случаи може да се појави кај жени кои имале проблем со висок крвен притисок пред бременоста. Може да се појави и кај жени кои имаат појава на протеини во урина поради проблем со бубрезите. Освен проблем со покачен крвен притисок, пре-еклампсијата може да доведе и до проблеми со другите органи како црниот дроб, бубрезите, мозокот и згрутчување на крвта. Таа се лечи за шест недели од раѓањето на бебето.

Гестациски висок притисок – жените кои развиле хипертензија по 20 недели од бременоста се водат како трудници со гестациски висок крвен притисок.

Забелешка: кај ваква бременост не се појавува пре-еклампсија во тек на бременоста.

 

Зошто се појавува висок крвен притисок во бременоста:

Причината за појава хипетензија или пре-еклампсија сè уште не до крај објаснета. Според некои истражувања пре-еклампсијата се појавува поради плацентата која има улога на преграда меѓу мајката и бебето и може да влијае на трансферот на нутриенти и кислород до бебето.

Најчестите симптоми за хипертензија кај трудници се:

– чести главоболки,

– проблеми со видот како појава на флешови од светлина, замаглен вид или појава на точки пред очите,

– повраќање во последние фази од бременоста,

– абдоминални болки посебно во горниот десен дел од стомакот, под ребрата,

– отеченост и подуеност на лицето, рацете и нозете,

– неможност да се почувствува движење на бебето во стомакот,

– вознемиреност.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 670

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost pokacen krven pritisok бременост покачен крвен притисок
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved