• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

„Вил и Грејс“ во Смитсонијан

by РиД 24/08/2014 0 Comment
 „Вил и Грејс“ во Смитсонијан

Колекцијата содржи оригинални делови од сценариото, идеи за кастинг, политички спомен-предмети поврзани со серијата и нејзиното финале. ТВ-мрежата се согласи да донира неколку предмети, меѓу кои шишенце за апчиња и термос, знак од “Фирмата за внатрешно уредување на Грејс Адлер” и врамената диплома од колеџ на Вил Труман.

Коен рече дека интересот на Смитсонијан за серијата која има хомосексуалци како главни ликови, е признание за кое тие никогаш ниту ни сонувале кога серијата почнала да се емитува во 1998 година. “Вил и Грејс” се емитуваше до мај 2006 година и ја раскажа приказната за четворица пријатели хомосексуалци и хетеросексуалци, а главните ликови завршија со други партнери со кои добија деца.

– Токму овие гости кои ги поканувавте во вашите дневни соби случајно беа ваши геј пријател – изјави Коен и додаде:
– Сметам дека луѓето навистина немаа таква прилика претходно и ова послужи, според мене, да ги натера луѓето да признаат дека вашите блиски пријатели се хомосексуалци. Фактот што серијата е дел од музејот на американска историја, кажува дека можеби ние сме биле дел од нешто многу поголемо отколку што мислевме.

Донацијата е дел од поголемите напори за документирање на историјата на хомосексуалците и лезбијките, област која не е добро обработена во музејот. Кураторите собираат материјали од историски објекти од лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци од областа на политиката, спортот и културата, од Аризона до Мериленд. Меѓу донираните предмети се дипломатските пасоши на амбасадорот Дејвид Хојбнер, првиот амбасадор на САД кој јавно призна дека е хомосексуалец и кој беше признат од Сенатот, и на неговиот сопруг; материјали од центарот на геј заедницата во Балтимор и колекции фотографии од Петси Линч и Силвија Рос од нивните активистички активности за правата на хомосексуалците. Од спортската историја, музејот ќе добие тениски рекет од поранешната професионална тенисерка Рене Ричардс која успеа да се избори за пресуда во корист на правата на трансексуалците пред Врховниот суд на Њујорк, откако $ беше забрането да учествува на американското првенство Ју-Ес Опен во 1975 година. Музејот ќе го добие и првото знаме на гордоста на трансексуалците од активист и ветеран на американската морнарица.

– “Вил и Грејс” преку комедија се обиде да ја запознае мејнстрим публиката со геј културата. Серијата беше смела и ги сруши бариерите на ист начин како серијата “Сите во семејството” во 70-тите за прашањата за нетолеранција и толеранција, додаде Бауерс. “Голем е нашиот интерес околу тоа како шоубизнисот може да делува како амортизер за да ги натера луѓето да размислуваат и да ги разбрат предизвиците на животото во Америка – изјави кураторот Двајт Блокер Бауерс.

Авторите на серијата донираа и писмо од непрофитната организација “Фокус на семејството” од 2000 година, во кое тие го искажуваат своето противење за епизодата која се исмева на репаративната терапија за хомосексуалци, заедно со неучтивиот одговор на ова писмо, полн со презир. Музејот сакаше да го документира и тоа. Смитсонијан претходно собираше предмети против правата на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците, меѓу кои и знаци на протест од баптистичка црква во Вестборо.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 372

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved