6 трикови за уредување дневна соба
Дневната соба е местото каде ги примате гостите, поминувате најмногу време со семејството и имате релаксирано попладне по долгиот напорен работен ден. Поради тоа многу е важно како ќе го одредите мебелот, бидејќи тој е главен фактор да се чувствувате удобно и пријатно во овој дел од домот. Освен тоа не ви е потребен дизајнер за уредување на просторот, кога можете со неколку трикови сами да си помогнете.
1. Гарнитура за седење
Изберете удобна гарнитура за седење (софа). Без разлика во која комбинација – двосед, тросед и сл..таа е повеќе од потребна. Ако морате да имате повеќе парчиња мебел, одредете места на кои ќе ги распоредите во групи, за да има и доволно слободно место за детска игра. Ставете мала масичка во близина на секоја група за да можете да ставите грицки и сл.
2. Минимализам за повеќе простор
Не ставајте премногу декоративни елементи додека не им најдете примена. Изберете и помали парчиња мебел и прво почнете да го пополнувате просторот до ѕидовите, за да добиете повеќе простор. Ова ќе ви даде убав уреден изглед на собата.
3. Перници и мали масички
За удобост ставете повеќе украсни перничиња и мали масички за да можат децата лесно да дојдат до своите омилени колачи. Покрај тоа ќе ги обожавате малите перничиња додека опуштено гледате филм со пријателите и децата. Исто така добар избор е една мала масичка со неколку перничиња за седење покрај неа.
4. Полици и места за скаладирање
Имајте доволно полици за чување на колекциите од дивидија, книги, списанија и др. Исто така ќе ви треба место и за чување на разни ситници за да ви се на дофат во секое време.
5. Семејни спомени
Искористете ги празните полици за да ставите семејни фотографии, трофеји, украси од разни патувања или некои детски ракотворби. Тоа дава топлина на просторот и ги запознава гостите со семејната среќа.
6. Фотељи
Не го ограничувајте просторот за седење само на софа и малечки масички. Чифт класични фотељи со висок потпирач се одлични за читање книги. Ставете ги покрај прозор или ако имате камин. Дава аристократски изглед на просторот.