Тортички од крофни
Состојки:
– неколку готови крофни, свежи јагоди, слатка павлака
Приготвување:
Изматете ја слатката павлака со мискер да добиете цврст снег. Јагодите измијте ги и исечкајте ги на помали парчиња, а неколку оставете цели. Крофните расечете ги на пола со нож и филувајте ги готовиот шлаг. Над него ставете неколку парчиња јагоди. Поклопете со другата половина, со шприц за декорирање нанесете од шлагот од слатка павлака и најгоре ставете една цела јаготка.
Совет: Можете да користите секакви крофни – чоколадни, глазирани и др.