6 знаци дека имате проблем со тироидната жлезда
![6 знаци дека имате проблем со тироидната жлезда](https://roditeliideca.com.mk/wp-content/uploads/2012/08/tiroidna.jpg)
Ви се случило ли наеднаш да ја покачите килажата, иако не сте ги смениле навиките во исхраната? Или можеби не можете никако да ослабнете? Во тој случај можно е да имате проблем со тироидната жлезда. Тироидната жлезда има многу важна работа- ослободува хормони кои ви даваат енергија, го овозможуваат здравиот изглед на кожата и има главна улога во метаболизмот. Кога оваа жлезда не произведува доволно хормони, тоа може да влијае на вашиот изглед и расположените. Таа состојба е позната како „хипотироидна“, и се карактеризира со чувство на замор, депресија, зголемување на телеснате тежина – меѓу другите симптоми.
Еве неколку главни знаци, кои можат да ви укажат на тоа дека имате проблем со тироидеата:
1. Се чувствувате изморено без причина.
2. Не успевате да ослабнете и покрај промените во исхраната или пак забележувате ненадејни промени во тежината.
3. Чувство на отекување и проблеми со вратот.
4. Депресивни или пак напади на паника и анксиозност.
5. И конечно – семејна историја на проблеми со тироидната жлезда. Ако постои историја на вакви проблеми, тогаш ризикот и кај вас да се развие проблем со тироидеата е многу голем. Особено ако сте жена.
Исто така ако имате друга автоимуна болест, како на примерј дијабетес тип 1, постојат шанси да ви се појават проблеми со тироидеата.