Шумахер нема повеќе да биде “Шумахер“
односно само просечен човек кој никогаш повеќе нема да може да постигнува успеси на тркачките патеки.
Михаел Шумахер се здоби со повреда на главата во несреќа при скијање на француските Алпи во скијачкиот центар Марибел. Неговата состојба беше многу критична и имаше неколку операции, а потоа беше вештачки ставен во кома. Сега откако состојбата почна да се менува на подобро лекарите се оптимисти за неговото закрепнување, но потенцираат дека го очекува долг процес на рехабилитација.
– Тоа ќе биде бавен процес, бидејќи сосема е можно да се разбуди како човек кој не знае многу нешта и мора одново да ги учи. Процесот е тежок и долг, па многумина се откажуваат и не постигнуваат ништо. Веруваме дека со него нема тоа да биде случај – изјави д-р Ричард Гринвуд, консултант невролог во лондонската болница Хомертон на прес конференција.
На истата прес конфереција изјава даде и Сабине Кем, менаџерот на Шумахер, која потенцираше дека секоја информација за неговото здравје која не доаѓа од лекарскиот тим кој се грижи за него треба да се третира како чиста шекулација.