• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Што погрешно ви кажаа за одгледувањето на бебињата

by РиД 10/03/2012 0 Comment
 Што погрешно ви кажаа за одгледувањето на бебињата

Спротивставените мислења меѓу генерациите не се ништо ново, необично, но она кое најмногу знае да ги вознемири сите и да запали искра за кавга, се советите на нашите баби, кои денес ги сметаме за застарени и неточни. Иако загрижените баби ќе ве нападнат со аргументи дека тие така нас не‘ одгледувале, па ништо не ни недостига, ние ви носиме преглед од Ари Браун, авторка на книгата „Baby 411“ и специјалистка, која открива некои митови и зошто не е добро да се применуваат:

Оставете го бебето да плаче, ако го земете, ќе го разгалите

Бебе под четири месеци не можете да разгалите. Затоа ако го подигнете бебето кога плаче, не му испраќате никаква погрешна порака. Напротив, му давате до знаење дека родителите секогаш се грижат за него.

Бебето треба да се буди навечер за да му се смени пелена

Денешните пелени имаат голема апсорбирачка моќ. Затоа воопшто не е во ред бебето кое мирно спие, да го будиме во текот на ноќта за да му смениме пелена. Секако, исклучок е ако видите дека пелената пропуштила и пижамата на малечкото е водена.

Најсигурен начин за спиење е на стомак

Најсигурен начин на кој детето може да спие е на грб. Во минатото докторите се плашеле дека бебето може да се задуши ако малку поврати, додека лежи на грб. Но, најновите истражувања покажуваат дека токму спиењето на стомак, најмногу е поврзано со ненадејната смрт на новороденчиња.

Ставете малку оризови снегулки во шишенцето, полесно ќе заспие

Ова не е вистинито тврдење. Напротив, истражувањата покажуваат дека децата кои почнуваат порано да јадат цврста храна, потешко заспиваат и подоцна имаат проблеми со дебелина.

Важно е да се држите до распоредот за хранење и да го храните бебето на секои три часа

Новите истражувања се поинакви и тврдат дека треба бебето да се храни по желба. Ова важи за сите доени деца. Советите како оние дека млекото не ви е доволно квалитетно, па бебето затоа е гладно, обидете се да ги игнорирате и бидете упорни, па држете се до своите принципи.

Бебето треба да се бања секој ден

Вистината е дека новороденчињата не се потат како возрасните и не им треба бањање секој ден. Но, ако и вие сметате дека бањањето секој ден не може да биде штетно, имајте на ум дека треба дополнително да ја хидрирате бебешката кожа, бидејќи секојдневното бањање може да ја исуши.

Децата најдобро спијат во замрачена, тивка соба

Вистината е дека на повеќето деца не им пречи мала бучава и малку светло. Дури, не е реткост да се види бебе во количка како спие мирно, додека околу него брмчат автомобили и се слуша викање на децата од блискиот парк.

Слушањето класична музика ќе го зголеми IQ-то на детето

Музиката секако ќе го збогати животот на вашето најмило, но ниту едно научно истражување не покажало дека слушањето класична музика ќе зголеми некои способности на вашето дете.

Многу е важно да ги стерилизирате шишенцата во првиот месец од животот на бебето

Цуцлите и шишенцата важно е да се стерилизираат откако ќе ги отпакувате, но потоа доволно е секој ден да ги миете во топла вода со малку детергент за садови. Децата се изложени на многу поголема количина бактерии, отколку што ги има во шишенцето или цуцлата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 435

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: banjanje bebe doenje sisence spienje бањање бебе доење музика спиење шишенце
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved