• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Со помош на кодови проверете дали ви се прислушкува телефонот

by РиД 18/01/2020 0 Comment
 Со помош на кодови проверете дали ви се прислушкува телефонот

Безбедноста секогаш треба да биде на прво место. Ако некогаш сте се посомневале дека некој ве следи и го прислушкува вашиот телефон, не е лошо да обрнете внимание на некои сигнали. Секако треба да имате на ум дека проблемите при разговори можат да бидат од техничка природа, но стручњаците велат дека ако ова ви се случува најверојатно некој ве прислушува:

– Додека зборувате го слушате ехото на својот глас, и ви се чини дека она што го кажувате до соговорникот стигнува со доцнење од неколку секунди. Ако ова се повторува постојано, ете причина за загриженост.
– Батеријата на вашиот телефон е топла дури и ако не го користите подолго време. Исто така морате да го дополнувате телефонот често, бидејќи нешто ви ја троши батеријата.
– Се сеќавате дека старите мобилни телефони правеа пречки кога ќе го насочевте кон телевизорот, додека зборувате. Ако ве прислушкуваат може нешто слично да се случи кога ќе застанете пред телевизор. Можеби нема да се појават пречки на екранот, но ќе се чуе посебен звук.
– На андроидите им треба малку повеќе време да се вклучат и исклучат, но ако тоа трае предолго, треба да се загрижите. Со помош на неколку кодови можете да откриете дали некој ве следи, односно ви го прислушкува телефонот.

За да утврдите дали навистина нешто чудно се случува со вашиот телефон, еве неколку кодови кои можете да ги искористите:

Кога ќе изберете код *#21# можете да откриете дали сите ваши повици и пораки се пренасочени. Статусот на секој сервис ќе биде прикажан на екранот. Ако за некој од нив стои дека е “forwarded“ тогаш значи дека некој го следи вашиот телефон. Состојбата на сите сервиси треба да биде “Not forwarded“.
Оваа функција често ја користат љубоморни партнери или родителите кои сакаат да ги заштитат своите деца од криминалци. Постарите луѓе често стануваат жртви кога ќе го позајмат телефонот на непознат и со тоа ризикуваат да откријат информации за себе и своите пријатели (каде живеат и слично).

002# е универзален код за исклучување на било кој вид пренасочување од вашиот телефон. Ако некој од сервисите е пренасочен, со помош на овој код ќе го поништите. Поточно со активација на кодот ќе ги избришете сите пренасочувања од вашиот телефон.
Добра идеја е ова да го направите пред да заминете во странство каде се користат услуги на роаминг. Во овој случај нема да имате трошоци за повици кои би биле пренасочени на вашата говорна пошта.

Кодот *#62# се користи ако сакате да дознаете каде ви се пренасочени сервисите и вашите податоци за кои мислите дека никој не смее да ги има. Нормално е вашите повици да се пренасочени кон говорната пошта на вашиот телефон, така што немојте да се изненадите ако го видите тој број.

Совет:
Пред да почнете да паничите, префрлете ја картичката во некој друг мобилен телефон и проверете дали истото се случува. Проверете ги уредите и на домашните. Ако овој проблем постои само на вашиот апарат, знајте дека некој сигурно сака да знае што зборувате!

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 397

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1202