Слатка зелка со месо
Состојки
– ¼ главица свежа зелка, 1 морков, 1 помал пашканат, пилешко бело месо
Приготвување
Во малку вода динстајте го белото месо исечкано на коцки. Кога ќе биде полумеко додајте ја зелката сечкана на коцки и морковот и пашканатот сечкани на кругови. Варете додека омекне на тивко, со постепено додавање вода по потреба. За бебе изблендирајте го јадењето или ситно исечкајте го и изгмечете го со вилушка.
Рецептот е од Кулинарскиот дневник на бебето Марта
Напомена – текстовите и сликите се објавени со дозвола од авторката на книгата. Секое нивно преземање, копирање и повторно објавување во печатени и електронски медиуми не е дозволено, без претходна дозвола од авторката и од Порталот Родители и деца.