Сладок компир со спанаќ и печурки
Состојки:
3 средни слатки компири (батати), 220 г сечкани печурки, 150 г свеж спанаќ, 1/2 главица сечкан кромид, 1 чешне сечкан лук, 1 лажичка сол, 1 лажичка црн пипер, 2 лажици несолен путер, 1 лажица маслиново масло, 1/2 чаша рендан пармезан, сечкан магдонос за декорација
Приготвување
Рерната загрејте ја на 200 степени. Измијте ги убаво слатките компири и на неколку места прободете ги со вилушка. Печете го околу еден час додека омекнат за да можете лесно да ги пресечете со нож. Извадете ги да се изладат додека го подготвувате филот. На тавче загрејте го путерот со маслиновото масло и додајте ги сечканите печурки, сол и црн пипер. Пржете пет минути па додајте го кромидот и лукот. Пржете додека омекнат печурките. Тргнете го садот од оган, додајте го спанаќот и покријте со капак за да омекне. Компирите исечете ги на пола, па со лажица издлабете ги. Додајте пола од пармезанот во месото од компири и испасирајте. Потоа додајте ја во него смесата со печурки и измешајте. Со ова наполнете ги компирите, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со пармезан и печете 15 минути. Пред служење декорирајте со сечкан магдонос и уште малку пармезан.