Неодоливиот син на Шакира
Колку Милан им донесе среќа во нивното семејство покажува и најновата фотографија која 36 годишната Шакира ја објави на друштвените мрежи.
„Одмор со тато“, напиша гордата мајка под фотографиите. Со ова пејачката уште еднаш им покажа на фановите момент од нивната семејна среќа.
Да потсетиме, малиот Милан се роди во Јануари оваа година. Тогаш Шакира се пресели во Барселона кај Пике, но поради бројните работни обврски Милан често патува со својата мајка и во Лос Анџелес.