Сeлма Хајек: Ниска сум и дебелка
„Ниска и дебелка“, се епитетите со кое себе си се опишува успешната Мексиканка. Хајек, која минатиот месец го прослави 46-от роденден, смета дека е чудно што за неа се уште има работа во филмската индустрија. Таа својот успех го препишува на среќата, а смета дека во иднина ќе добива сè помалку понуди со оглед на нејзините години.
– Најлошо што можете да бидете во Холивуд е жена која има повеќе од 40 години. Покрај тоа, јас сум лице со акцент, дислексичарка, ниска и дебелка. Имам многу недостатоци, но се уште сум тука. Мора да сум најсреќната жена во светот затоа што се уште работам – рече Селма во интервју за „Harper’s Bazzar“.
Во светот кој е оптоварен со идеална убавина која се огледува во виткоста, Хајек е вистинско освежување, бидејќи признава дека диетите за неа се губење на време.
– Сакам храна и вино. Можеби тоа и не е најдобро за мојот изглед, но добро е за моето расположение. Среќна сум кога јадам. Имам 46 години и не сакам ботокс, а знаете ли зошто? Затоа што јадам мрсна храна и многу зеленчук. Ма јадам сè! Ако премногу вежбате, а не јадете доволно, тоа се гледа на вашата кожа. Почнувате да стареете и изгледате лошо – додава таа.