Секогаш чиста и уредна бања – 5 трикови на искусните домаќинки
Бањата треба да е вашата оаза на мирот, а не место кое постојано ќе го чистите и ќе ве нервира секој пат кога и да влезете внатре. Еве како брзо да го средите и да ја направите пријатно место.
1. Намачкајте го огледалото со пења за бричење – а потоа добро избришете го со сува крпа и никогаш нема да имате проблем со замаглено огледало. Оваа постапка повторете ја на секои три недели.
2. Ставете полица – тоа е одличен начин да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење. За да го искористите просторот максимално, ставете ја полицата над вратата.
3. Исчистете го чешмите на природен начин – алкохолен оцет е најдоброто решение за борба против бигор. Ако водата од чешмата од тушот или мијалникот не тече лесно, наполнете најлонско кесе со алкохолен оцет и прицврстете го со ластиче за славината. Оставете така да стои преку ноќ.
4. Корпи за средства за туширање – имате повеќе опции. Можете да изберете зависно од тоа каков е распоредот во купатилото – аголни полици на ѕид или пак мали корпи кои се закачуваат на држачот за туш-завеста. Нема да ви пречат, а ќе ви овозможи да ги сместите шампоните, геловите за туширање и др. ситници.
5. Редовно проверувајте ги козметичките и производите за нега – сè што има поминат рок на траење, фрлете го. Нема да ви фаќа место и ќе бидете безбедни вие и другите членови на семејството од употреба на стари производи кои можат да предизвикаат здравствени проблеми.