Ослободете се од отечените очи
Од разни причини може да се случи да станете наутро со потечени очи или пак да ви се појават до вечерта – недоволно сон, претерано плачење, преголемо внесување сол во организмот, емоционален стрес, собирање токсини во телото, разни иритации и тн.
За да се ослободите од оваа непријатна состојба можете да си помогнете со следните трикови:
– Држете ја главата во подигната положба. Ставете неколку перници под главата за да биде подигната и да го спречите насобирањето течност под очите. Симптомите треба да исчезнат за 2-6 часа.
– Ладни облоги од мраз ставен во газа ставете на очите. Повторувајте ја постапката додека се намали отокот.
– Резанки краставица или компир ставете на затворените очи и држете ги 15- 30 минути.
– Облоги од ружина водичка на памук држете ги на затворените очи 15-20 минути. Овие методи се најефикасни и сигурни во третирањето потечени очи. Најдобар лек за ваквиот проблем е приактивноста и превентивните методи. Ако продолжат да ви се појавуваат отоци под очите, одете на лекар.