Салата со лубеница, фета и црни маслинки
Состојки (за 8 лица)
– 1,5 кг лубеница, 300 г фета сирење, 1 главица црвен кромид, 3 лимони, 4 лажици маслиново масло, 100 г црни маслинки, неколку листови свежо нане, црн пипер
Приготвување:
Излупената лубеница исечкајте ја на коцки, а црвениот кромид исечете го на резанки. Во еден сад за салата измешајте ги и додајте им го ситно сечканото нане. Додајте ги маслинките, зачинете со црн пипер, сок од цедени лимони и ладно цедено маслиново масло. Измешајте ја салатата убаво, додајте ги коцките фета сирење и послужете.