• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Роса Школи за родителство – современ начин за справување со сите предизвици на идните родители

by РиД 21/02/2018 0 Comment
 Роса Школи за родителство – современ начин за справување со сите предизвици на идните родители

Здравото семејство, како примарна група во општеството која овозможува сигурност, чувство на припадност и емоционална блискост на своите членови, е од суштинско значење за правилен раст и развој на децата.

Под родителство обично се подразбираат низа задачи кои таткото или мајката ги имаат, а се во врска со грижата за детето. Меѓутоа, родителството е далеку поширок поим. Успешното родителство не подразбира само обезбедување најсоодветна исхрана и нега, туку треба да придонесе и за јакнење на природната врска меѓу родителите и децата и поттикнување како на моторниот така и на психичко-емоционалниот и интелектуалниот развој уште од најраното детство.Најнапред, тоа опфаќа низа различни развојни промени што од мажот ќе „создадат“ татко, а од жената мајка. Овие индивидуални развојни промени се однесуваат на формирањето на идентитетот на родителите, развојот  на родителската грижа и реорганизација на до тогаш формираните улоги, со цел новата, родителска улога да добие централно место на некое пократко или подолго време.

Меѓутоа, сѐ  почесто сме сведоци дека илјадници идни родители одговорите најчесто ги бараат во нивното поблиско семејно опкружување и нивните претходни генерации, меѓутоа со префрлување на одговорноста, родителството повторно како да ја нема централната улога во нивниот живот.

Во поразвиените земји пак, станува сѐ поактуелен трендот прашањата и дилемите врзани со родителството да се решаваат преку некоја друга форма, односно идните мајки и татковци одговорите ги бараат од стручните лица и специјализираните школи за родителство кои ќе им го олеснат патот на родителството. Се разбира, помошта од останатите членови на семејството ни таму не е изоставена, меѓутоа несомнено е дека семејните ресурси ќе бидат подобро искористени доколку и поширокото семејство има пристап до програмите коишто на родителите им овозможуваат да прават здрави избори и да донесуваат одлуки кои се во најдобар интерес за нивните деца.

Здравствената заштита на жената во врска со бременоста, породувањето и мајчинството во нашето опкружување се фокусира во најголема мера на индивидуалната работа со трудниците, кога лекарот специјалист по гинекологија и акушерство и сестрата акушерка извршуваат цела низа прегледи, а сè со цел да се спречи појава на ризик за трудницата и плодот и да се овозможи раѓање на живо и здраво дете. Во врска со тоа, индивидуалниот контакт во советувалиштето или во семејството со патронажната сестра се користи и за едукативна, здравствено воспитна работа и за давање совети во врска со правилната исхрана, начинот на живот и работа за време на бременоста и сл. Меѓутоа, во советувалиштето за трудници, како и со една посета на патронажната сестра во семејството, нема доволно време за да се одговори на многуте прашања на трудниците, ниту пак да се научат одредени вештини што се потребни за родителството. Вообичаено е тоа што поголем број од идните родители имаат слични дилеми и потреба од слични совети, бараат одговори на исти или слични прашања, особено поврзани со текот на бременоста, породувањето, периодот после породувањето и негата на новороденчето. Трудниците бараат совети од своите гинеколози, акушерки и патронажни сестри, пребаруваат на интернет, читаат најразлична литература и разменуваат мислења со своите другарки, со цел да соберат што е можно повеќе информации за тоа, што да прават или што да избегнуваат за да родат здраво дете.

Улогата на Школата за родителство е да пружи поддршка и да ги охрабри идните родители за успешно родителство, за усвојување здрав начин на живот за време на бременоста, после породувањето, како и во периодот на лактација, правилна нега и исхрана на детето, со посебен акцент врз значењето на доењето како незаменлива исхрана во првите шест месеци од животот.

Aктивностите на Школата подразбираат едукација на идните родители со цел да се совладаат вештините поврзани со исхраната и негата на трудниците, новороденчињата и доенчињата, подготовка на трудниците за породување и сите аспекти кои се однесуваат на успешно родителство, а се извршуваат од 7-от до 9-от месец на бременоста.

Токму вакви школи за родителство во Македонија ќе отвори Роса кон крајот на годинава, а првите ќе бидат лоцирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Клиничката болница во Битола и Општата болница во Гостивар. Всушност, веќе е во тек кампањата преку која од секое продадено шише Роса од 1,5 л ќе се издвојува по еден денар, а средствата ќе бидат наменети за комплетно опремување на овие три школи.

Целта на целиот овој проект е токму едукација на идните родители и останати членови од семејството како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги и всушност да им се овозможи на македонските идни родители еден посовремен и постручен пристап за обезбедување одговори поврзани со родителството.

Роса е одговорен бренд и поддршката за отворање на школите за родителство е мотивирана од желбата да се поддржат родителите, новороденчињата и децата. Всушност стабилното опкружување, коешто помага и поттикнува, претставува основа за здраво и безбедно растење е мисијата која Роса транспарентно ја спроведува веќе години наназад.

 

  • 1
    Facebook
  • 1
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 380

Share This:

  • 1
    Facebook
  • 1
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1202