Сандалите на Вајс поинтересни и од премиерата
Ѕвездата од филмот Џемс Бонд, беше покрај сопругата Рејчел Вајс на премиерата за нејзиниот најнов филм “Борновото наследство“, во Њујорк. Држејќи ја за рака, како вистински романтичен херој, тој ја водеше сопругата по црвениот тепих во киното, а потоа и кон хотелот каде имаше коктел.
Вечерта Рејчел ги воодушеви сите со својот изглед. Иако модните критичари прокоментираа дека таа „играла„ на сигурно со црниот фустан, сепак голема пофалба имаше за необичните проѕирни сандали со неколку црни машнички.
Навистина необично и интересно!